ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Нема да има значително зголемување на цената на струјата

December 17, 2021 13:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го повтори својот став дека нема да има значително зголемување на цената на струјата. Конечната одлука, како што рече, ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, но очекувањата на Владата се дека зголемувањето нема да биде значително.

– Владата има пресметки и затоа одлуката на Владата, како сопственик на ЕСМ, е со која цена да се оди кон универзалниот снабдувач. Тоа е јавна политика на Владата – за да се ублажи ценовниот ефект, се оди со пониска цена на чинење на електричната енергија. Затоа, буџетски средства одат кон ЕСМ за да се покрие таа загуба и да се ублажи ценовниот ефект, рече Бесими, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Стопанската комора на Северна Македонија.

Потсети дека кон ЕСМ се насочени четири милијарди денари и дополнителни 980 милиони денари. Дополнително, во Буџетот за 2022 година планирани се и средства за докапитализација на ЕСМ. Како мерки кои се во насока на поддршка на граѓаните, Бесими ги посочи и намалувањето на ДДВ и финансиската помош од илјада денари за социјално загрозените семејства и 9.000 пензионери со ниски примања.

извор: МИА

Next Post

Лазаров го скрати списокот ракометари за ЕП во јануари

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk