ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

„Морам да се соочам со Талибанецот“- Жените во Кабул не ги затвораат нивните салони за убавина

December 17, 2021 16:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку козметички салони кои имаа фотографии од жени на нивните надворешни делови додека Талибанците ја презедоа контролата врз Кабул на почетокот од оваа година, продолжуваат со работа, со слаб благослов на исламистичката група.

Во она што беше еден од највидливите знаци на претстојните промени во секојдневниот живот на милиони Авганистанци кога западните воени сили се повлекоа по 20 години, работниците беа фотографирани како ги пречкртуваат и изменуваат фотографиите на жени надвор од салони за убавина и други продавници. Во некои случаи, фотографиите беа дури и исчистени или симнати од ѕидовите, бидејќи жените се плашеа за своите права и животи под режимот на талибанците.

Кога се појавија вести дека претседателот на Авганистан побегнал од Кабул, сопственичка на салон за убавина во главниот град порано затворила.

„Морав да отпуштам 15 од моите вработени“, изјави 23-годишната девојка за VICE World News преку WhatsApp. „Почувствував дека мојот живот е целосно запрен“.

На друга шминкерка во нејзините рани дваесетти години, ѝ бил вандализиран салонот за убавина во рок од 24 часа по преземањето на талибанците, додека смртните закани ја навеле да го деактивира својот Инстаграм профил што го користела за промовирање на нејзиниот бизнис.

Клиентка ја покажува нејзината шминка од страна на шминкерка во Кабул. PHOTO: MARYKE VERMAAK/AFP VIA GETTY IMAGES

Шминкерката, родена само неколку дена по инвазијата предводена од САД во 2001 година, го започнала својот бизнис дури во 2020 година, а само неколку недели пред падот на Кабул била ангажирана да ја шминка Аријана Саид, позната пејачка во Авганистан, која беше принудена да бега.

Во следните денови и недели, правата на жените претрпеа ужасно големи промени. На девојчињата и на жените им беше забрането да одат во средно училиште и универзитети, на повеќето жени им беше забрането да работат, а талибанските борци пукаа на протестите предводени од жени.

Но, не долго по преземањето на Талибанците, 23-годишната сопственичка на салон за убавина донела одлука и повторно го отворила својот бизнис. Како што очекувала, талибанците ѝ чукнале на вратата и и наредиле да ја затвори продавницата. И покрај тоа, следниот ден таа повторно го отворила својот салон.

„Талибанците ми рекоа да го затворам салонот и да испратам машки старател на моето семејство да заработи за живот“, рече таа. „Но, јас немам никого освен мојот стар и изнемоштен татко. Така го хранам моето семејство, што сакате да направам кога ми ги земате единствените извори на живот?“

На нејзино изненадување, жалбата успеала. Талибанските борци и рекле да нацрта превез со црно мастило над сите фотографии од жени во салонот, инаку нема да продолжи со работа. Потоа заминале и оттогаш не се вратиле. VICE World News разбира дека неколку салони за убавина можеле повторно да се отворат во овие околности.

Салон за убавина отворен под услови на Талибанците со очи и уста прекриени со мастило

„Прво морав да се борам со семејството за да работам, сега морам да се соочам со талибанците, одвреме-навреме“, рече 23-годишната девојка.

Нејзината кариера започнала кога глумела во реклами на локална телевизија, а оттаму се префрлила во индустријата за убавина.

„Тие беа целосно против тоа. Не сакаа ниту да го слушнат зборот шминка или убавина дома, а камоли да отворат салон за убавина“, рече жената, мислејќи на нејзиното семејство и роднините.

И покрај неуспесите, таа не се откажа и позајмила пари од пријателите за да го започне својот бизнис, кој капитализираше од бум за убавината во Кабул, поттикнат од индустријата на новите медиуми и семејствата кои трошат големи пари на свадби и други прослави, како и на растечкиот ноќен живот.

Марија Миткоска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk