За повеќето луѓе, „Google Maps“ е корисна алатка за одење од точка А до точка Б. Но, за мала група љубопитни луѓе, тоа претставува извор на мистерии. Ако се погледне повнимателно, може да се најдат чудни слики кои изгледаат како да прикријат нешто надвор од реалноста. Или тие се само знаци дека „Google maps“ не работи правилно. Што и да е вистината, дебатата што ја предизвикуваaт е обично забавна и стимулативна.
Токму тоа се случи кога корисник на Редит пронашол црна дупка во средината на океанот додека користел „Google Maps“.
„Што е тоа по ѓаволите“, напиша „Кokoblocks“ за чудната дупка на „Google Maps“. „Ова не личи на остров“.
„Не би имало смисла природна формација да биде црна како таква на толку плиток, мал атол/остров. Google често ги замаглува „чувствителните“ локации како што се воените бази или затворските дворови, објави „Live Science“. Тоа го прави со цел да избегне откривање информации за нивната локација и структура. Многу теории околу црната точка се фокусираа на обидот да се објасни црнилото на сликата.
„Можеби подземен вулкан е она што го предизвикува црнилото, под претпоставка дека не е дупка. „Најверојатно магматска карпа“, рече корисникот „The_Professor64“.
Овие луѓе можеби ќе бидат разочарани кога ќе дознаат дека ова мистериозно место на „Google Maps“ е всушност, островот Восток. Се наоѓа североисточно од Нов Зеланд и припаѓа на Република Кирибати, островска држава во Централниот Пацифик која вклучува 33 корални атоли и острови.
„Она што го гледате како црно е всушност многу темно зелено, тоа е многу густа шума составена од дрва Pisonia“, напиша корисникот „SatisfactionAny20“.
Но, ако се надевавте на докази за друга димензија или откривање на заговор, не губете надеж. Има многу други чудни слики што може да се најдат на „Google maps“, и речиси секогаш има интензивна дебата за нив.
Maрија Миткоска