ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Со вакцините против ковид не се модифицира геномот на личноста

December 17, 2021 13:02
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Наспроти тврдењата во постот, во вакцините против ковид-19, нема мРНК модифицирачка трансхуманистичка нанотехнологија. мРНК технологијата потекнува од 1990, иако сега за првпат се користи во широкоупотребувани вакцини. Во вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, мРНК се наоѓа во „липидна капсула” или попрецизно, во обвивка од масти, која е опишана како наночестичка. Префиксот „нано” само значи дека е мала, а не дека е нанотехнологија. мРНК вакцините не користат нанороботска технологија. Присуството на наночестички во ковид вакцините не значи дека тие може да содржат мали роботи или компјутери, пишува „Вистиномер“.

Месеци по почетокот на вакцинацијата,  сè уште се актуелни старите теории на заговор кои немаат врска со реалноста. Во постот што го рецензираме се тврди дека „со вакцините против аденовирус (коронавирус н.з), ќе го модифицирате геномот на личноста, по што таа станува трансчовечка личност”. Според нелогичните тврдења во постот, личноста којашто била вакцинирана веќе не е човек, туку трансчовечка личност (?!), а нејзин сопственик е носителот на патентот!

Особено драматично е што се работи за трансчовечка личност и веќе не се препознава како човек, според нам познатите човекови права. Ситуацијата е многу сериозна и имам чувство дека луѓето тешко ја сфаќаат сериозноста со која се соочуваме. Вакцинацијата не само што предизвикува маса на фатални болести, туку и фактот дека преживеаните имаат модифициран геном. Оваа модификација се пренесува на нивните потомци. Бидејќи нивниот геном е модифициран, оваа модификација е патентирана и се што е патентирано му припаѓа на носителот на патентот. Човечкиот вид е сериозно загрозен, одбивајте вакцини по секоја цена,  панично се апелира во оваа објава на Фејсбук.

Во вакцините против ковид-19, нема мРНК модифицирачка транс-хуманистичка нанотехнологија.

Ниедна од вакцините не содржи нанотехнологија, а уште помалку за трансхуманизам. Тоа не ни постои, изјави Марк Линас, професор на Корнел Универзитетот за Политифакт.

мРНК не ја модифицира човековата ДНК или рибонуклеинската киселина

мРНК, рибонуклеинската киселина, е молекула слична на ДНК која ги носи кодираните генетски информации до клетката. „Фајзер“ и „Модерна“ ковид вакцините користат мРНК за да се однесат генетски информации за коронавирусот до клетката на телото, за да се научи имуниот систем да ги идентификува и да се бори против ковид-19 инфекцијата. 

мРНК технологијата потекнува од 1990, иако сега за првпат се користи во широкоупотребувани вакцини. Во вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, мРНК се наоѓа во „липидна капсула” или попрецизно, во обвивка од масти, која е опишана како наночестичка. Префиксот „нано” само значи дека е мала, а не дека е нанотехнологија.

Иако терминот нано се користи за да се наметне дека нанотехнологија се користи за да ја модифицира вашата РНК, тоа е комплетно лажно. мРНК во вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ нема никаков ефект на ДНК или РНК на човекот и не станува составен и траен дел од клетката, вели Синди Принс, професрока по епидемиологија на Универзитетот во Флорида. 

Трансхуманизмот е верување дека може да се промени и да се подобри човековото тело со технологија.

Има луѓе кои веруваат дека треба да се воведе човековата свесност врз компјутерите, но тие се маргинализирана група и немаат ништо со создавачите на вакцините. Јас сум вакцинирана и можам да гарантирам дека единствената модификација што ја имам е имунитет против ковид-19, вели Принс.

мРНК вакцините не користат наноротботска технологија. Присуството на наночестички во ковид вакцините не значи дека тие може да содржат мали роботи или компјутери.

По вакцинацијата луѓето остануваат луѓе и не стануваат никаква сопственост на патент! Човекот што ќе се вакцинира останува човек, исто како и невакцинираниот, а не трансчовечка личност, што и да значи тоа.

мРНК од вакцините не останува во човековото тело засекогаш, туку се разградува и телото се ослободува од него за најмногу 72 часа.

Нема докази дека на луѓето кои се вакцинирани ниту сега, ниту во иднина ќе им бидат одземани човековите права. Ова лажно тврдење најверојатно се темели на погрешното разбирање на науката користена во развојот и дејствувањето на ковид-19 вакцините.

Во врска со ова сервисот за проверка на факти на „Ројтерс“ во март оваа година напиша:

Во мРНК вакцините наместо да се користи мртов вирус, се тренира имуниот систем со единечен протеин. Спротивно на лажните тврдења, нема да ве претвори во ГМО, не навлегува во јадрото на клетките на телото, не доаѓа до интеракција со вашата ДНК и не може да предизвика промена на геномот, напиша Марк Линас, во текст на Cornell Alliance for Science во декември 2020 година

Поради сите горенаведени аргументи, оценуваме дека е лажно тврдењето изнесено во постот, дека со ковид вакцината ќе се модифицира геномот на личноста, по што таа ќе ги загуби основните човекови права, истиот геном ќе го пренесува на потомството и ќе биде сопственост на сопственикот на патентот, пишува „Вистиномер“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на министерката Шекеринска и на началникот на Генералштабот на Армијата, Ѓурчиновски

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео сторија на ИРЛ

Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

September 28, 2025

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk