ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Приближно 281 милиони луѓе во светот се меѓународни мигранти

December 18, 2021 09:14
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на мигрантите. Овој датум е избран затоа што на 18 декември 1990 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Меѓународната конвенција за заштита на правата на работниците мигранти и членовите на нивните семејства.

На Меѓународниот ден на мигрантите, од фундаментално значење е да се препознаат не само ризиците и потребите на мигрантите без оглед на полот, туку и нивните вредности и придонеси како активни чинители на промени, социјален напредок и издржливост.

Приближно 281 милиони луѓе се меѓународни мигранти, што претставува 3,6 отсто од светската популација. Широк спектар на фактори продолжуваат да го одредуваат движењето на луѓето. Тие се или доброволни или принудни движења како резултат на зголемената зачестеност на катастрофи, економските предизвици, екстремната сиромаштија или конфликти. Сето тоа значително ќе влијае на карактеристиките и обемот на миграциите во иднина.

На крајот на 2020 година, неверојатни 55 милиони луѓе беа внатрешно раселени (51 милион во 2019 година). Четириесет и осум милиони биле раселени поради конфликти и насилство, додека 7 милиони поради катастрофи. Додека некои региони се погодени повеќе од другите, ниту една нација не е поштедена од ризиците од раселување.

Според извештајот на Меѓународна организација на трудот (МОТ) за глобалните проценки за меѓународните работници мигранти, во 2019 година, бројот на луѓе кои мигрирале на меѓународно ниво заради работа изнесувал 169 милиони. Ова претставуваше речиси пет проценти од глобалната работна сила, што ги прави составен дел од светската економија.

Дополнително, дознаките од странство продолжуваат да бидат од суштинско значење за семејствата на мигрантите во нивните земји на потекло во задоволувањето на нивните основни животни потреби и поттикнувањето на локалните пазари во време кога КОВИД-19 силно ги погоди економиите, особено оние на земјите со низок и среден приход. Среде тековната пандемија, мигрантите продолжија да испраќаат пари во нивните земји на потекло, пркосејќи им на предвидувањата дека дознаките нагло ќе се намалат. Официјално, според Светската банка, евидентираниот тек на дознаки изнесувал 704 милијарди долари, од кои 540 милијарди биле испратени во земјите со низок и среден приход во 2020 година.
Според податоците на Светска Банка во 2020 година, повеќе од 412 милиони американски долари на лични дознаки од странство биле испратени во Република Северна Македонија, што претставува 3,3 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на земјата. Тоа е речиси за 100 милиони американски долари повеќе во споредба со 2019 година.

Мигрантите, како што велат од Меѓународната организација за миграција (ИОМ), исто така придонесуваат со своето знаење, воспоставените мрежи на соработка и стекнатите вештини во градењето на посилни и поотпорни заедници.

извор: МИА

Next Post

Бислимоски за МИА: Додека не направиме анализи нема да лицитираме со цената на електричната енергија по 1 јануари

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk