ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

На почетокот на годината заеднички пазар на труд на Србија, Северна Македонија и Албанија

December 20, 2021 12:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вучиќ, Рама и Заев во Тирана на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“, а меѓу шесте договори е и за заедничкиот пазар на труд. Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж за РТС изјави дека очекува да добиеме заеднички пазар на трудот, граници за преминување кои работат 24 часа, усогласени сертификати, особено фитосанитарни и да нема проблеми што ја чинеа економијата многу пари, јави дописникот на МИА од Белград.

Чадеж изјави дека на Самитот ќе биде договорен и стратешкиот план за 2022 година и да  Отворен Балкан не е збир на потписи и договори, туку идеја за мир и просперитет во дел на Европа кој отсекогаш се сметал за проблематичен, особено сега во ситуација на економска криза, енергетска криза, криза во транспортот и работна сила.

Тој оцени дека ова е историски самит и голем ден за регионот. Долго време се работеше, тој раскол е надминат и се создаде нова доверба.

-Имав можност да бидам во Ниш и да работам со министрите на сите три земји, 160 луѓе од јавната администрација на трите земји работеа на тешки теми за да се постигне договор, кажа Чадеж.

Тој потсети дека и претходно биле потпишани меморандуми за соработка, а, нагласи, сега се готови договорите кои овозможуваат на почетокот на следната година да имаме заеднички пазар на труд.

-Очекуваме да добиеме заеднички пазар на труд, граници за преминување кои работат 24 часа, усогласени сертификати, фитосанитарни, за да немаме проблем што ја чинеа економијата многу пари, посочи претседателот на ПКС.

Утрешниот состанок на лидерите е искрена желба да се создаде заеднички пазар во сегашните три економии и покана до соседите да се вклучат, економиите кои моментално не се дел од иницијативата се психолошкиот дел од иницијативата, подвлече Чадеж.

-Можете да видите конкретни работи, овде гледате да кога камионот ќе тргне некаде – побрзо пристигнува од пред месец дена, ако најдете работа во Скопје, Валона или Белград, не ви требаат три месеци да барате бирократски начини да се вработите, туку тоа го правите за еден ден, објасни Чадеж.

Тој смета дека иницијативата Отворен Балкан претставува момент на приближување кон регионот на ЕУ.

-Кога ќе погледнете како се развиваше ЕУ и која беше новата надеж на тогашна Европа, која беше затечена од омраза и од војни, тоа тргна од економијата. Најважна работа е довербата преку заедничката работа на лидерите и бизнисмените, што се прелеа и во политиката, оцени Чадеж. 

Next Post

Цените на горивата остануваат исти, се намалува на Екстра лесното масло за домаќинство

Shortcut

Најново

Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk