ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Душегрижници

За газдите на пропагандистите, непријатели се токму тие што вредно работат на одбрана и унапредување на човековите права и слободи. Пропагандата има задача да ги уништи тие идеи. Мора да ги уништи. За нив се страшни недискриминацијата, мултикултурализмот, европските вредности, социјалната правда, антинационализмот, одржливиот развој...

December 21, 2021 11:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Еден од бројните начини на кои функционира црната кампања се разните „душегрижнички“ јавни повици и осуди за истакнати интелектуалци, новинари и активисти. Цел: да се намали нивното влијание и довербата на јавноста во нив.

Старите навики тешко умираат. Својствено за времето на режимот, тие не можат да се воздржат од правење црни листи. Затоа, тие „храбро“ застануваат зад штитот на анонимноста (во секоја смисла на зборот), па набројуваат имиња на луѓе кои, наводно, молчат за една или друга тема. Некои би рекле дека тоа се обични мрчатори.

Но не е така. Најмалку што може да се каже е дека нивните полуписмени, но отровни објави се типично онлајн насилништво. И не е само тоа. Се работи за грижливо спакувана пропаганда. Тоа им е работа. За тоа се добро платени, освен оние што учествуваат во грдата хајка затоа што се изманипулирани и заблудени.

Ако ги анализирате изразите со кои се користат во своите иронични објави, ќе забележите што им пречи.

Најмногу им пречи зборот прогресивни. Редовно ги поврзуваат своите објави со прогресивните луѓе, групи, иницијативи, редакции и организации. Сѐ што може (да си дозволи) пропагандата е да ги напаѓа дека „некој тоа таму не направил нешто“ или „не реагирал на некоја постапка или настан“.

Пропагандистите и нивната пешадија на социјалните мрежи се тука да дискредитираат и да предизвикаат омраза, а не да критикуваат и да бараат промени.

За газдите на пропагандистите, непријатели се токму тие што вредно работат на одбрана и унапредување на човековите права и слободи. Пропагандата има задача да ги уништи тие идеи. Мора да ги уништи. За нив се страшни недискриминацијата, мултикултурализмот, европските вредности, социјалната правда, антинационализмот, одржливиот развој…

Не се добри и секако не се чисти нивните намери. Дури и кога ќе направат добра поента, тие ја прават не затоа што се засегнати со некоја неправда, туку затоа што се борат за позиција тие самите да прават неправда. Се обидуваат да ги фрлат во заборав или да ги релативизираат насилствата и криминалот во минатото. Се разбира, да ги затскријат и сопствените недостатоци – неписменост, неспособност, неморал… На подолг рок, тоа им ја дава можноста полесно да ги „правдаат“ своите недела и криминал, ако дојдат до позиции на моќ.

Некои се чудат како тоа дури и директните политички противници не се толку честа мета на злонамерните дезинформации и говор на омразата, колку што тоа се интелектуалците, новинарите и активистите за човекови права. Не е ни малку чудно. Нивната цел е да ја уништат или барем да ја намалат довербата на граѓанките и граѓаните во прогресивните идеи. Дека тие идеи се страшни или барем невозможни, а тие што работат на остварување на тие идеи, не се добри луѓе. Тоа е главната цел.

За да ги постигнат своите цели, пропагандистите имаат на располагање многу црни пари на располагање, медиуми… Ја користат анонимноста на социјалните мрежи и… растечкиот број корисни идиоти.


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот).

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Вучиќ: Најверојатно од 1 јануари единствени работни дозволи за земјите од Отворен Балкан

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk