Константин Миладинов
Ми велет онје пијан сум;
А ја си не знам какво е
Т’ва пусто, шкуро пијанство!
Ја друго нешчо не сториф –
С’де си зедоф крај мене
Сафа со винце тиквешко
И си се малку нацицах.
Ми велет с’нки ноѕеве-
Ко д’ ода ми се валеет.
Земја се тресит, вервите,
За т’ва ноѕе валеет.
И ак’ си чукна главата
На ѕиздои и на камења,
И ак’ се цумки на чело,
От такви мали работи
Али требит да се плашиме?
У! пијаница, падинат!
Ми велет и се смеет.
Ко да им нешчо напраиф!
Шчо имат, ако падина?
Пак како јунак си станва.
Немојте усти погани,
Тук-така не клевете ме!
И пак ви верно пофтора:
Ја сосем не зна името
От тоа пусто пијанство. –
Ич не сум ја пијаница!
Константин Миладинов (1830 – 1862) е македонски собирач на народни умотворби и поет, родум од Струга.
избор: Тања Кармзова Костиглиола