ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Обезбедени средства за реализација на автопатската делница Букојчани – Кичево од Коридорот 8

December 21, 2021 17:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се обезбедуваат средства за реализација на проектот за изградба на патната инфраструктура од Коридорот 8. Министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси, денеска го потпишаа договорот за гаранција на Република Северна Македонија наменет за финансирање на патниот дел од Коридорот 8 (прва фаза) со што се обезбедуваат 110 милиони евра за изградба на делницата Букојчани – Кичево.

Како што соопшти Министерството за финансии, дополнително беше потпишан и договор за заем од страна на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси.

Министерството информира дека вкупната инвестициска вредност на делницата Букојчани – Кичево изнесува околу 130 милиони евра, при што 110 милиони евра се заем од ЕБОР, а останатите 20 милиони евра се обезбедени од инвестициската рамка за Западен Балкан – ВБИФ како инвестициски грант.

– Коридорот 8 е еден од стратешките проекти за нашата инфраструктура, којшто ќе ја направи земјата поконкурентна. Со изградба на патната инфраструтура од Коридорот 8, во РС Македонија ќе се заокружи изградбата на Паневропскиот коридор значаен за подобра поврзаност на РС Македонија, Албанија и Бугарија со другите европски земји. Ова ќе отвори нови пазари за македонските компании, ќе ја подобри нивната конкурентност и ќе овозможи одржлив економски раст, истакна Бесими на потпишувањето на договорот.

Анди Аранитаси, шеф на Канцеларијата на ЕБОР во Северна Македонија, рече дека ЕБОР има клучна улога во поддршката на македонскиот патен сектор од 2001 година.

– Банката ја финансира изградбата и модернизацијата на регионалните, локалните и паневропските патишта, притоа организирајќи дијалог за водење политики со цел зајакнување на институциите во земјата. Со оваа нова инвестиција повторно ја потврдуваме нашата заложба за изградба на подобра транспортна инфраструктура во земјата во корист на нејзините граѓани и деловната активност. Проектот ќе придонесе кон зголемено учество на приватниот сектор во работењето и одржувањето преку објавување тендер за договор за изградба и одржување, вклучувајќи го и справувањето со ризици од климатски промени во текот на фазите на изградба, управување и одржување на проектот. рече шефот на Канцеларијата на ЕБОР.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми истакна дека со изградбата на автопатската делница значително ќе се подобри мобилноста и трговската размена, безбедноста на патот, ќе се скрати времето на патување, a ќе се зголемат и можностите за социоекономскиот развој.

– Делницата на државниот пат А2 од Гостивар до Кичево проектирана е пред повеќе од 50 години и изградена како единечен коловоз со две сообраќајни ленти во двата правца, а наместа на планинските превои, има и трета лента за бавни возила. Сепак, поради зголемениот обем на сообраќај и недоволно добрите возно-динамички услови, неминовно е надградување на оваа делница на ниво на современо автопатско решение по кое ќе се одвива брз, безбеден и непречен меѓународен и домашен превоз на патници и стоки, потенцира Рустеми.

Дополнително, посочува Министерството во соопштението, за обезбедување финансиската рамка за патната инфраструктура од Коридорот 8, со Буџетот за 2022 година се обезбедуваат околу шест милијарди денари за изградба на делниците Ќафасан – Струга – Требениште и Тетово – Гостивар – Букојчани од Коридорот 8, како и за автопатската делница Прилеп – Битола од Коридорот 10.

– Склучувањето на договорите за проектот Патен коридор 8 – прва фаза на проектот, делница Букојчани – Кичево, е дел од соработката на Република Северна Македонија со Европската банка за обнова и развој – ЕБОР, којашто години наназад дава значајна поддршка на земјата во процесот на членство на земјата во Европската Унија преку доделување заеми под поволни услови, грантови и техничка помош за подготовка и реализација на значајни инфраструктурни проекти. Реализацијата на овој проект е еден од приоритетите на Владата во рамки на клучната област „Одржлива инфраструктура и транзиција кон зелена економија“, соопшти Министерството за финансии.

извор: МИА
Next Post

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk