Џим Морисон
***
Во квечерината
Во дневната осенчана соба
кадешто живеевме, кадешто умревме
кадешто се смеевме и плачевме
каде гордоста на нашата врска
господареше со летото
Какво патување
е да ти се држи дланката
и да се каже на полицајците
дека ниту си малолетна
ниту си бегалка
скитникот оставил троа
на дното на синото шише
труп во пустина
череп од биволи
слика од стаорци
што бричат дрвја
барајќи маст
Млади хипици ги освојуваат градините
и спијат на мокра трева
дури не скокнат пците
Јас одам кон Југ
Од песната „Американска ноќ“ (American Night)
Џим Морисон (1943 – 1971) е американски музичар и поет, фронтмен на групата The Doors. И покрај кратката музичка кариера и бројните пороци, неговото име и денес е синоним за авангарда во поетските и музичките кругови. Почина во Париз во сомнителни околности, кадешто и е погребан.
Избор и слободен препев од англиски: Тања Кармзова Костиглиола