Експертите се подготвуваат за голем наплив на случаи на СОВИД-19 – „вирусна снежна бура“ – бидејќи варијантата Омикрон се пробива низ населението и ги избегнува вакцините, кои најверојатно се помалку ефикасни, пренесува Вајс.
„Гледаме преку нашето рамо во претстојниот бран на Омикрон“, рече главниот американски лекар Ентони Фаучи. Низ светот, Омикрон е откриен во најмалку 89 земји и широко се распространил во некои од највакцинираните нации.
Хоспитализациите веќе се во пораст во Соединетите држави, а до саботата земјата просечно бележела околу 126.967 нови случаи на ден, од само 70.000 нови случаи на ден во почетокот на ноември. Само државата Њујорк регистрирала 22.000 нови инфекции во петокот. Ситуацијата поттикнала откажување на неколку настани, вклучително и преостанатите емисии за култниот Божиќен спектакулар на Радио Сити на „Rockettes“.
Во меѓувреме, центрите за тестирање се борат со долги редици, а брзите антигенски тестови без рецепт се поскапи од вообичаеното и се тешко достапни. Досега, САД не спроведоа нови здравствени мерки за да се спречи вирусот. Според Светската здравствена организација, случаите на Омикрон глобално се удвојуваат на секој половина ден, до три дена.
Остерхолд рече дека во следните три до осум недели, милиони луѓе ќе бидат заразени со КОВИД, или преку варијантата Делта или високо заразниот Омикрон.
„Сè уште не сме сигурни како точно тоа ќе функционира“, рече тој.
Една од позагрижувачките особини на Омикрон е неговата навидум способност да зарази луѓе кои примиле две дози вакцина mRNA, како Pfizer или Moderna. Во понеделникот, тој страв беше потврден кога Угур Сахин, извршен директор на BioNTech, германската компанија зад вакцината Pfizer, им рече на новинарите дека вакцините против Ковид-19 моментално достапни не се способни да направат доволно за да се борат со оваа варијанта.
„Мораме да бидеме свесни дека дури и тројно вакцинираните луѓе веројатно ќе ја пренесат болеста… Очигледно е дека сме далеку од 95 отсто ефикасност што ја добивме против почетниот вирус“, рече Сахин.
Тежината на Омикрон сè уште не е позната. Она што е познато е дека вакцините сè уште штитат од тешки и фатални болести, предизвикани од Омикрон или на друг начин. Според Сахин, прелиминарните податоци од Јужна Африка, каде што е откриен првиот случај на Омикрон, покажуваат дека две дози од вакцината Фајзер го намалуваат ризикот од хоспитализација за околу 70 проценти. Засилувачката доза, кога лицето е подобно да ја прими, е уште подобра.
„На целосно вакцинираните им оди многу подобро…“, вели Фаучи.
Марија Миткоска