ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Судски совет: Судската власт е независна и самостојна, а Советот е орган кој постапува исклучиво според закон и не делува под политички влијанија

December 23, 2021 15:14
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Во однос на одлуката на Кривичниот совет од Апелациониот суд Скопје во врска со притворот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, Судскиот совет на Република Северна Македонија информира дека согласно членот 2 од Законот за Судски совет, Советот ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт.

-Според членот 11 од Законот за судовите, судијата одлучува непристрасно со примена на законот врз слободна оцена на доказите и дека се забранува секој облик на влијание врз независноста, непристрасноста и самостојноста на судијата во вршењето на судиската функција по кој било основ и од кој било субјект, се вели во соопштението.

Од Судскиот совет укажуваат дека судската власт е независна и самостојна, а Советот е орган кој постапува исклучиво според закон и не делува под политички влијанија, а истото се однесува и за работата на судиите.

-Оттаму, врз основа на надлежностите, сите алатки кои Советот ги има на располагање во оваа фаза, а со оглед дека судскиот предмет е активен, остануваат интерни за Советот. За секоја следна постапка или евентуална одлука Судскиот совет навремено ќе ја извести јавноста, информираат од Советот.

По прифаќање на гаранцијата од 11 106 501 евро на Мијалков, вчера Апелацискиот суд во Скопје мерката притвор ја преиначи во мерка претпазливост, односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во суд. Оваа мерка притвор на Мијалков му беше изречена во врска со предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на осум години затвор.

Потоа, Основното јавно обвинителство  поднесе Предлог за определување на мерка притвор за Сашо Мијалков, по обвинение за „перење пари и други приноси од казниво дело“ во предметот „Плацовите на Водно“, со што Основниот кривичен суд – Скопје го прифати предлогот и одреди мерка притвор од 30 дена за Мијалков.

Тој има првостепена пресуда и во случајот „Таргет – Тврдина“ со која е осуден на 12 години затвор, а обвинет е и во случаите „Плацови на Водно“ и „Титаник 2“, а осомничен е и во предметот „Империја“. Во „Тортура“, пак, доби ослободителна пресуда.

Сашо Мијалков се наоѓа во затворот во Шуто Оризари од 26 февруари годинава, откако претходно неколку дена беше во куќен притвор.

извор: МИА

Next Post

Меси го повтори својот антирекорд

НАЈНОВО

Instagram

(ВИДЕО) Фестивалот на балони во Кападокија го освои августовското небо

August 12, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

За десет години 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан

August 12, 2025
Папа Лав XIV Фото: Скриншот

Мадона со апел до папата: Посетете ја Газа – децата умираат од глад, нема повеќе време

August 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мегваер: Реалноста е дека не сме најдобриот тим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи: Срам за Владата – работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ и Алијанса за Албанците со жестока реакција на изјавите на Мицкоски за конфликтот во 2001 година и УЧК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk