ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДУИ и Алијанса за Албанците со жестока реакција на изјавите на Мицкоски за конфликтот во 2001 година и УЧК

August 11, 2025 16:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Парадоксално е што премиерот зборува за „невраќање во 2001 година“, додека секојдневното практикување на владеењето на неговата влада е враќање назад во времето: кон дискриминацијата, мајоризацијата, исклучувањето и кршењето на правата на Албанците и другите заедници, се вели во реакцијата на ДУИ на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски.

„Потсетувањето на 2001 година не е „стара тема“, туку потсетување на цената што граѓаните ја платија за еднаквоста и за Охридскиот договор, кој денес отворено се прекршува од актуелната влада.

Наместо да нѝ држи лекции околу тоа за што треба да зборуваме, премиерот треба да им објасни на граѓаните зошто:
• го укина на противуставен начин правичното и соодветно застапување како уставна вредност што произлегува од Охридскиот договор,
• мајоризацијата се врати во одлучувањето, дури и во Уставниот суд каде одлуките сега се усвојуваат со етничко надгласување,
• неговата партија предложи укинување на Законот за употреба на јазиците, а тој е најголемиот застапник на идејата за негово непочитување,
• во администрацијата Албанците се дискриминираат,
• албанскиот јазик се игнорира од институциите,
• албанската дијаспора е исклучена од процесите на одлучување и од финансиската поддршка од власта, вклучувајќи го  и противуставното намалување на бројот на општински советници,
• развојните проекти во албанските општини се блокираат, а инвестициите ги заобиколуваат областите каде живеат Албанци,
• концептот на „српскиот свет“ е претворен во државна политика, потврдено и во последниот извештај на Европскиот парламент,
• ја блокира европската иднина,
• се избегнува од ветинг,
• не ја поддржува иницијативата за истрага на секој функционер,
• се избегнува од истрага за процесот на приватизација.

Сега го поставуваме прашањето: кој нѐ враќа 30 години назад? Вие или ние?

ДУИ зборува за иднината, за развојот, за меѓусебната почит, но нема иднина без правда и еднаквост. Оној што ги заборава неправдите од минатото, ги повторува во иднината. Ние нема да дозволиме неправдите од пред 2001 година да се повторат преку злоупотреба на власта и институциите, туку ќе инсистираме на зачувување на мултиетничкиот карактер на државата и целосно почитување на Охридскиот договор, бидејќи тоа е темелот врз кој треба да се гради секоја политика, секоја инвестиција, секое училиште и секоја автопатска делница.

Кандидатите и победниците на изборите треба да бидат преферирани и избрани од народот, а не по желбите, преференциите и фаворизирањата на премиерот“, реагираат од ДУИ.

И од партијата Алијанса за Албанците реагираат со соопштение, во кое истакнува дека изјавите на премиерот Мицкоски се подеднакво навредливи за Албанците колку што се опасни за стабилноста на земјата

„Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за Националноослободителната армија се скандалозни и претставуваат отворена провокација кон националните чувства на Албанците воопшто.

Откако досега поништи многу права и достигнувања, Мицкоски сега се обидува да негира и забрани еден славен дел од нашата историја. Очекувавме и предупредувавме на опасноста оваа антиалбанска Влада да стигне до оваа точка и сите наши постапки беа токму во духот на навремено спречување на еден ваков момент. Но, она што нè загрижува уште повеќе е молчењето на Албанците во Владата кои очигледно сакаат да го поминат ова со релативизации, па можеби дури и со напади врз Албанците како што правеа досега.

Изјавите на премиерот Мицкоски се подеднакво навредливи за Албанците колку што се опасни за стабилноста на земјата, меѓуетничката кохезија, тензијата во односите меѓу заедниците и европската иднина на земјата.
– Алијанса за Албанците“, истакнуваат од Алисанса за Албанците.

Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја изјавата на неговиот коалициски партнер од ВРЕДИ, Изет Меџити дека војната на УЧК била „праведна, разумна и чиста“, изјави дека „не може да биде разумна и праведна војната во која кукавички, од заседа, се убиени припадници на безбедносните сили“.

 

Tags: Алијанса за АлбанцитеДУИМицкоскиУЧК
Next Post

СДСМ: Невидена партизација во тек, единствениот пат до вработување е или преку партија или преку граница

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk