Пред околу четири или пет века во Јапонија се појавила раскошна техника за поправка на скршена керамика. Занаетчиите почнале да користат лак и златен пигмент за да ги спојат искршените садови. Оваа традиција, позната како „kintsugi“, што значи „златни шевови“ (или kintsukuroi, „златна поправка“), сè уште трае.
Не само што кинцуги е усвоен и адаптиран од водечки современи уметници, овие денови, може да се учат лекции и да се најдат книги за самопомош и здравје кои го користат кинцугито како метафора за прифаќање на недостатоците и несовршеностите. Меѓутоа, на почетокот, кинцуги било само практично- иако убаво, средство за поправка. Неговите почетоци често се поврзуваат со познатата приказна за јапонскиот воен владетел од 15 век, чиј антички кинески сад, застаклен со целадон се скршил. Приказната вели дека тој го испратил садот назад во Кина за замена. Му било кажано дека парчето е толку ретко, што нема друго слично. Кинезите го вратиле оригиналниот сад, поправен со метални спојници.
Традиционално, процесот на кинтсуги почнува со јапонски лак познат како „уруши“, кој е направен од сок од дрво. Овој материјал се користи околу 9.000 години од јапонските мајстори за лак како лепак, кит или боја, објаснил генерал Саратани, трета генерација јапонски реставратор на лак и уметник кој сега работи во Њујорк. Традиционалниот метод кинтсуги, рекол Саратани, започнува со користење на лак за лепење на керамичките парчиња повторно заедно. Лакот се користи и како кит за пополнување на сите празнини или дупки каде што може да недостасуваат делови од оригиналниот сад. Ова поправање е најтешкиот дел, објасни тој, бидејќи лакот не може да се отстрани откако ќе се исуши, а парчињата мора да се стават на своето место одеднаш, дури и ако има 20 различни делови.
Потоа, лакот мора да се исуши и да се зацврсти, процес што може да потрае со недели, пред да се избруси за да лежи на исто ниво со остатокот од садот. Конечно, лак мајсторот ќе ги наслика шевовите на лак со злато. Вообичаена заблуда, истакна Саратани, е дека целиот процес на поправање е направен со злато, а, тоа е навистина само површината.
Кумаи, која е половина Јапонка, првпат дознала за кинцуги како дете од нејзината мајка и баба, но дури неодамна повторно ја открила неговата важност.
„Кинцуги беше нешто што го научив на многу млада возраст, но ми беше вратено кога поминував низ навистина тежок период во мојот живот“, вели Кумаи.
Тогаш Кумаи реши да патува во Јапонија и да учи кај мајстор за кинцуги во Кјото.
„Ми се причина дека на луѓето им требаат метафори и предмети за да ја разберат уметноста на лекувањето. Кинцуги открива како да се лекува, и ни покажува дека сме подобри со нашите златни пукнатини“, вели Кумаи
„Нема да го реализирате вашиот целосен потенцијал додека не поминете низ тешки времиња“, вели Кумаи.
Марија Миткоска