ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Со Стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 ќе овозможиме еднаква видливост на жените и мажите

December 24, 2021 16:08
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со Стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 ќе се воспостави сеопфатна рамка на активности за унапредување на родовата еднаквост и  статусот на жените, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на јавната дебата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Таа посочи дека целта на Стратегијата е да обезбеди  потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење.

„Визијата за родова еднаквост значи еднаква видливост на жените и мажите. Еднаква плата за вршење на исти работни задачи со исти образовни и професионални квалификации. Ова е важен предуслов за економски развој на една земја. Многубројните  меѓународни анализи и истражувања покажаа дека токму државите со повисок степен на родова еднаквост се и економски поуспешни земји. Концептот едно општество за сите подразбира дека жените и мажите треба да имаат еднакви права, на човечки, социјален, економски и културен развој, како и еднакво учество во граѓанскиот и политичкиот живот“, рече министерката Шахпаска.

Според министерката Шахпаска со Стратегијата, Република Северна Македонија се стреми кон унапредување на состојбата на родовата еднаквост во 13  области, меѓу кои и сузбивање на стереотипите и насилството кон жените, креирање на политики и мерки за вработување. Таа оцени дека овој документ значи започнување на нов циклус на работа во кој сите треба активно да придонесуваме. Стратегијата се носи во пресрет на новиот Закон за работни односи.

„Со новиот Закон за работни односи креираме и политики кои го регулираат родителското отсуство и за прв пат со новиот Закон за работни односи воведуваме родителско отсуство за таткото. Креираме политики и за флексибилно работно време, работа со скратено работно време, работа од дома, работа од далечина, заштита на работното место“, рече Шахпаска

Во програмата за работа 2020-2024 Владата се залага и за зајакнување на жените во економијата и земјоделството како и вреднување на лидерските потенцијали на жените. Во таа насока донесени се  Законот за спречување и заштита од дискриминација. Целта на Владата за наредниот приод е внесувањето на родовиот концепт во буџетските политики кои водат кон креирање на родово сензитивен буџет, од кој имаат еднаква придобивка и мажите и жените.

Стратегијата за родова еднаквост 2021 – 2026 ја има поддршката од меѓународните организации УН Women, УНФПА, Mисијата на ОБСЕ, УНДП.

Next Post
Фото: МИА

(ИНФОГРАФИК) Пожарите летово најголеми во изминатава деценија, проголтаа над 11.000 хектари шума

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk