Денеска треба да заседава Централниот одбор (ЦО) на СДСМ, што ќе биде прва седница по изборот на новиот партиски лидер Димитар Ковачевски, а на која се очекува тој да биде потврден и за мандатар за формирање нова влада.
Очекувањата се и дека ЦО ќе избере и ново партиско раководство, што би значело нов состав на Извршниот одбор, како и нови потпретседатели и секретари на партијата, по предлог на наследникот на Зоран Заев на „Бихаќка“.
Ковачевски претходно најави дека во актуелниот состав на ЦО ќе кооптира нови членови, како можност што му ја дозволува партискиот Статут. За нов генерален секретар на партијата се очекува да биде именуван Миле Зечевиќ, а заменик-претседателската Сања Лукаревска, пак, се очекува да ја задржи функцијата.
Во текот на неделата, исто така, претседателот Стево Пендаровски треба да го додели мандатот на Ковачевски за формирање влада.
Извор: 360 степени