Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска наместо да ги зголеми ги намалува парите за животна средина. И тоа за три пати помалку.Ова е уште една во серијата погрешни одлуки на Данела Арсовска на штета на скопјани, обвини на денешната прес-конференција, Стефан Васев од СДСМ.
-За Секторот за животна средина за 2022 година во Предлог Буџетот на Град Скопје предвидени се 73 милиони денари.Три пати помалку од буџетот за оваа година кога поранешниот градоначалник Петре Шилегов обезбеди 213 милиони денари.
Во кампањата, Арсовска ветуваше инвестиции во животната средина и борба против аерозгадувањето. Буџетот за 2022 покажува дека тоа било само една од многуте предизборни лаги на градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.Намалувањето на средствата значи сериозен удар врз капацитетите кои се борат против загрозувањето на животната средина, а со ваков пристап на Арсовска, Скопје уште долго време ќе биде на врвот на најзагадени градови во светот, вели Васев.