ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Забрането им е – па затоа се обраќаат кон црниот пазар за донација на сперма

Законот дозволува само брачните парови да имаат деца, оставајќи ги ЛГБТИ паровите да се движат низ тајните пазари за донација на сперма.

December 27, 2021 16:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
фото: Winfertility

фото: Winfertility

Share on FacebookShare on Twitter

Сана отсекогаш знаела дека сака да има деца, но создавањето семејство не дошло лесно. Како лезбејка, Сана и нејзиниот партнер се рекламирале на форуми на интернет, разгледувале веб-страници за донoри, испраќале пораки до странци кои би им помогнале да стигнат до сè што би можело да ги поврзе со донор на сперма.

Чекорејќи низ јапонскиот подземен свет на донори на сперма, кој речиси нема законски регулативи, Сана и нејзиниот партнер поминале низ десетици донатори. Понекогаш дури и доживувале сексуално вознемирување.

„Имавме непристојни понуди од мажи кои бараа слика од нашите тела или да нѐ гледаат како вбризгуваме примероци од сперма во себе“, изјави Сана.

По околу три години неуморно барање, парот го пронашол својот сегашен донатор, хомосексуалец што го запознале на веб-страница посветена на ЛГБТИ луѓето кои бараат платонски донатори.

„Јас сум исклучително благодарна за моето семејство“, рече Сана, која поседува продавница, а сега има речиси двегодишен син и посакува да има второ дете.

За јапонските ЛГБТИ парови, многу пречки стојат на патот за основање семејство. Вештачкото оплодување од донатор, процедура за плодност која вклучува вметнување сперма во матката на една личност, е дозволена само за брачни парови, она што јапонската ЛГБТИ популација законски не може да стане. Земјата со речиси 126 милиони жители има само една комерцијална банка за сперма, основана претходно оваа година, и таа не опслужува ЛГБТИ парови или возрасни што не се во брак.

Парови и активисти велат дека земјата им остава мал избор, освен да се свртат кон подземните пазари за сперма.

Миса и нејзиниот партнер Аја, кои добија машко бебе во септември откако добија сперма од независен донатор, имаат потврда од северниот град Сапоро дека ја препознаваат нивната истополова заедница. Вакви потврди во градот се издаваат од 2017 година, кои им овозможуваат на истополовите парови да ги додадат своите партнери како корисници на животно осигурување. Претходно оваа година, Токио посочи дека ќе ги издаде истите сертификати за партнерство за целиот јапонски главен град.

Но Миса вели дека документот во нејзините раце е практично бесмислен и во никој случај не е признание дека тие се семејство.

„Мојот партнер не може да биде пуштен во мојата болничка соба. Таа не може да ги земе нашите деца од градинка. Работите што едно нормално семејство може да ги направи, ние не можеме, на нас едноставно не се гледа како на семејство“, изјави таа.

„Некои места во Сапоро не препознаваат како партнери. Нашиот сопственик ни го изнајми станот бидејќи го имавме сертификатот. Но, штом ќе излеземе надвор од Сапоро, мојот партнер во суштина станува странец за мене“, рече таа.

На Јапонија и недостасуваат закони кои го регулираат работењето на комерцијалните банки за сперма и јајце клетки. Во ова отсуство, болниците регистрирани во Јапонското здружение за акушерство и гинекологија – национална медицинска организација, вршат процедури за вештачко оплодување од 1948 година.

Но, контроверзно, општеството дозволува такви постапки само за брачни парови, изоставувајќи ги слободните и ЛГБТИ паровите кои сакаат да имаат деца. Оттука, наоѓањето донатори од трети страни на интернет е единственото остварливо решение за многумина. Тоа е исто така многу поевтина опција отколку да нарачате или да патувате во странство за да добиете сперма, процес кој може да чини околу илјадници долари.

Но, подземниот метод на добивање сперма од странци носи својствени здравствени ризици, велат медицинските работници.

„Ако донаторот ејакулира во епрувета која не е стерилизирана, тој ризикува да внесе бактерии во цевката, кои потоа ќе се пренесат на примачот“, вели Микија Накацука, доктор и професор по репродуктивна медицина на Универзитетот Окајама. Исто така, постои дополнителна опасност од пренесување на сексуално преносливи болести, како што се ХИВ, кламидија или хепатитис Б и Ц, додава Накацука.

Во споредба со нејзините азиски соседи, Јапонија не е единствена во нејзините строги регулативи за донирање сперма. Кинеските закони забрануваат банките за сперма да продаваат на поединци, но дозволуваат регистрираните болници да доставуваат донации на парови со репродуктивни проблеми. Слично во Сингапур, процедурите за асистирана репродуктивна технологија, кои вклучуваат ин витро оплодување, се ограничени на брачни парови.

Маса, независен донатор на сперма и консултант во неговите 30-ти, ја отфрла загриженоста за безбедноста и вели дека е должен да се погрижи неговата сперма да биде врвна. Тој е донатор повеќе од пет години и ја дал својата сперма на повеќе од 70 жени, од кои се родени 28 бебиња. Тој рече дека првпат почнал да донира откако неговата неплодна најдобра пријателка го побарала за неговата сперма.

Консултантот нуди три методи за донирање сперма, од кои неговите клиенти можат слободно да изберат. Прво, тука е методот со шприц, најлесниот за Маса. Тој ејакулира во стерилизирана чаша и го дава примерокот на својот клиент.

„Подобро е спермата да е свежа, па понекогаш одам во блиската јавна бања или кафуле за да ејакулирам, а потоа директно да му го дадам мојот примерок на клиентот“, изјави тој.

Потоа, постои опција да се донесе неговата сперма во болница, каде што лекарот ќе ја оплоди јајце клетката. Брачните парови, на кои и Маса им се понудил, го избираат овој метод. И на крај, тој нуди и секс со клиентот за природно оплодување. Пред секоја размена, Маса се тестира за СПБ. Секоја донација го чини клиентот од 96 до 276 долари, во зависност од користениот метод. За да го подобри здравјето на спермата, Маса рече дека често вежба и внимателно одржува урамнотежена исхрана.

Без правна рамка која ја опишува одговорноста на сите страни – вклучувајќи ги донаторите и родителите – ЛГБТИ паровите стравуваат дека донаторите подоцна ќе бараат законско старателство за нивното потомство, и покрај тоа што се согласиле едноставно да ја донираат нивната сперма.

Марија Миткоска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нано Ружин

Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

June 17, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со ВИ

Гардијан: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави, најбрзо во светот

June 17, 2025

Заев кон Ципрас: Во ова време на војни и хаотичен свет среќен сим што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

    (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моралната одговорност не се мери на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk