ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ахмети: Разликите со Бугарија се приближени, да се почитува Договорот за добрососедство

December 27, 2021 17:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државата нема потреба од предвремени избори, но има потреба да ги реши проблемите со кој се соочуваа, изјави денеска претседателот на ДУИ, Али Ахмети на денешната предновогодишна средба со новинарите во седиштето на партијата во Мала Речица.

Во однос на спорот со Бугарија, Ахмети посочи дека ако сакаме да имаме една стабилна ситуација, одржлива и унапредена во насока на евроатланските процеси, неопходно е да се решат разликите што ги имаме со бугарската страна во врска со Договорот за добрососедство.

– Мислам дека работите се приближени. Досега ги имавме предвид тешкотиите со кои се соочуваше Бугарија, со избори, со задоцнувањето на конституирање на новата Влада и Собранието. Мислам дека разликите се приближени. За приближување на разликите ни помагаа нашите меѓународни партнери кои се заинтересирани да функционираат мирот, стабилноста и безбедноста во Западниот Балкан и особено во нашата земја. Се надевам дека ова прашање ќе се реши во деновите или месеците што следат, но под услов ниту од нашите, ниту од бугарските власти да не се политизира и да не се вметнуваат емоции затоа што тоа е тема која сама по себе е емотивно прашање, рече Ахмети.

Тој потенцира дека претходно од бугарска страна се потенцираше барањето бугарското малцинство да биде вклучено во Уставот на земјата и дека ова прашање сега е усогласено.

– Ние прифаќаме да ја направиме ова промена и прифаќање на бугарското малцинство, што е право на секој да се изјасни така како што се чувствува. Овој принцип функционирал и ќе функционира и понатаму, додаде Ахмети.

Во однос на јазикот, Ахмети истакна дека конструктивноста на двете држави ќе помогне за решавање на овој спор, потенцирајќи дека е прифатливо решението што е формулирано во Договорот со Бугарија, посочувајќи дека Албанците се солидарни со своите сограѓани Македонци за решавање на овој спор и за надминување на овие разлики, од причина што „не поврзуваат заедничките интереси“.

– Нема преговори кои се лесни. Сите процеси поминуваат низ тешки патишта и со разлики меѓу страните, но значајно е што има конструктивен дијалог меѓу страните и добра волја и тоа влева доверба дека во иднина ќе има прифатливо решение. Сметам дека моите сограѓани Македонци како што би ги бранел еден Македонец нивните интереси, исто толку ги браниме и ние, затоа што имаме заедничка цел, а тоа заедничка стабилна држава, иднина и визија нашата земја да биде една напредна и функционална демократија и целосно интегрирана во ЕУ и НАТО, истакна Ахмети.

На прашањето за почнување на ветинг, Ахмети рече дека тоа не треба да остане само на изјави во медиумите, туку да се спроведуваат конкретни дела и на одговорни функции во политиката, судовите, обвинителствата и полицијата да бидат лица со чиста биографија.

– Ние сме разговарале со медиумите, со граѓанското општество, и тоа треба да започне од политиката, судството, полицијата и да не остане само на изјави, туку да работиме конкретно. Да бидеме координирани и хармонизирани за да имаме успех. Во сите напредни земји, како во САД, така и во Европа, има илјадници функционери кои се затворени, додека кај нас политичарите и функционерите се малцинство во затворите, рече Ахмети.

Во однос на европските перспективи на земјата, Ахмети посочи и дека постојат деструктивни сили кои работат против членството во ЕУ, посочувајќи дека тоа се истите сили кои беа и против Охридскиот и Преспанскиот договор и против Договорот со Бугарија, но се испреплетуваат и надворешни фактори, како што се руското и кинеското влијание. /MИА/.

Next Post

Признание „Македонски квалитет 2021“ добија десет успешни национални претпријатија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk