Запомнете дека постојат работи за кои се верува дека не треба да се подаруваат, бидејќи тие привлекуваат негативна енергија и неуспех во животот на оној на кого му подарувате.
Остри предмети
Ножици, ножеви и други остри предмети како магнет се верува дека привлекуваат негативна енергија. Можете да ги купите за себе, но не како подарок за другите.
Огледало
Се верува дека негативност е заробена во огледалата и затоа не треба да се купуваат како подарок. Наводно, подарените огледала носат неволја во животот на оној што ги добива.
Часовник
Според народното верување, ако часовникот застане, може да донесе несреќа. Најдобро би било да избегнувате да го купувате овој подарок.
Паричник
Можете да подарите паричник, но важно е да не е празен. Во тој случај, тој на кого ќе му дадете секогаш ќе има проблем со парите.
Кујнски елементи за готвење
Ако сакате некому да подарите тенџере или чаши, ставете по една паричка во секое од нив. Празните садови се верува дека носат сиромаштија.
М. М.