ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Српските власти ги шпионираат посетите на руските државјани по налог на Кремљ

December 28, 2021 12:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Serbian Minister of Interior Aleksandar Vulin visits Moscow on December 2, 2021. Photo: Thumbnail image of youtube video published by Serbian Ministry of Interior

Serbian Minister of Interior Aleksandar Vulin visits Moscow on December 2, 2021. Photo: Thumbnail image of youtube video published by Serbian Ministry of Interior

Share on FacebookShare on Twitter

Позадинската соработка и врските меѓу Србија и Русија доведоа до шпионирање на руските опозиционери на состанок во Белград. Откако шпионските снимки беа доставени до Кремљ, се случува апсење на рускиот опозициски лидер. Уште една приказна која покажува колку далеку се подготвени да одат недемократските режими за да останат на власт, целосно не почитувајќи ги правата на своите граѓани, пишува Вистиномер.

Текстот го пренесуваме во целост.

Снимка од средбата на руските опозициски лидери, снимена од српската Безбедносно-информативна агенција (БИА) во мај, била предадена од српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин на рускиот секретар за национална безбедност Николај Патрушев во Москва, објави српскиот портал Нова.рс на 8 декември.

Патрушев, исто така, е и директор на Федералната служба за безбедност (ФСБ), агенцијата што ја наследи КГБ на Советскиот Сојуз. Неговата средба со Вулин се одржа на 14 мај.

Набргу потоа, на 31 јуни, рускиот опозициски лидер Александар Пивоваров беше уапсен во Москва и сѐ уште е во притвор. Тој присуствуваше на прислушуваниот состанок во Белград на почетокот на мај со друга опозициска личност, новинарот Владимир Кара-Мурза, кој за апсењето објави на Твитер.

One more political prisoner in Russia today. Andrei Pivovarov, former leader of Open Russia, removed by FSB from the plane that was about to take off from St. Petersburg to Warsaw. Now held incommunicado at the Investigative Committee.

Putin and Lukashenko are literally twins. pic.twitter.com/DmI9uZCF3d

— Vladimir Kara-Murza (@vkaramurza) May 31, 2021

Уште еден руски дисидент, бизнисменот Михаил Ходоровки, кој живее во егзил во Велика Британија, исто така го коментираше апсењето на Пивоваров.

Сербская охранка, оказывается, записывает разговоры российских активистов и сливает их ФСБ

История не учит, а Гаага ждет..

— Ходорковский Михаил (@mich261213) December 7, 2021

(Превод: Изгледа дека српската тајна полиција снима разговори на руски активисти и ги проследува до ФСБ. Историјата не нè учи, но [меѓународниот кривичен суд во – н.з.] Хаг чека.)

Од декември 2021 година, Вулин ниту ја потврди ниту ја негираше поврзаноста помеѓу наводното предавање на снимките за надзор и апсењето.

Работна група за борба против про-демократските движења

Како дел од нивната сторија, Нова.рс потсети дека Русија и Србија формирале заедничка Работна група за борба против таканаречените „шарени револуции“ – термин што се користи пејоративно од сојузниците на Кремљ како дел од теоријата на заговор во која се тврди дека протестните движења против автократските и популистичките влади не беа автентични, туку водени од Западот. Задачата на оваа работна група е да ги сузбие граѓанските протести и да ги следи независните медиуми, опозицијата и граѓанските организации.

Прашани од новинарите за работната група, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ одговорија дека „првпат слушаат“, а премиерката уште додаде дека „ќе треба да провери, за ова се нема разговарано на Влада“.

Дека „шарените револуции“ се тема на разговори на Вулин и Патрушев може да се прочита во официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи на Србија по посетата на српскиот министер за внатрешни работи на Москва на 3 декември.

На состанокот беше потенцирано дека Шарените револуции станаа традиционален политички инструмент на одредени центри на моќ и земји, кои имаат за цел да ја поткопаат државноста и да го загубат суверенитетот под изговор за демократизација и беше истакнато дека слободните земји мора да дадат отпор.

На 9 декември, белградскиот дневен весник Данас објави дека го разгледале документот поврзан со состанокот, кој вклучувал барање од српските власти до руските власти да обезбедат технологија за надзор за да се спротивстават на „масовните немири“. Руската Федерација треба да ја обучи српската полиција за нејзиниот технички систем за следење објекти и следење на осомничените, како и да ги обучи на полето на сајбер безбедноста, за поуспешна борба против „шарените револуции“.

Според Данас, во документот се наведува дека единствените две задачи на српско-руската работна група за сузбивање на „шарените револуции“ се „нормативно регулирање на работата на невладините организации“ и „разгледување начини за спротивставување на масовните немири и обиди да се дестабилизира поредокот“.

Написот на Данас, исто така, истакна дека документот се однесува на Работната група за борба против шарените револуции како оперативна, откако таа беше основана во мај 2020 година. Весникот го цитираше Младен Јовановиќ, директорот на граѓанската мрежа Национална коалиција за децентрализација, кој изјави дека Работната група во суштина го поткопува уставниот поредок на Република Србија:

Прво и основно, ова служи како механизам во позадина за ограничување на слободите на собирање, говор и мислење, кои се загарантирани со Уставот. Дополнително, овој план претставува злоупотреба на полицијата во борбата против политичките противници…

Во изјавата за Данас, Јовановиќ истакна дека „по основањето на Работната група српските власти презедоа акција против новинари и активисти на граѓанското општество“ бидејќи Канцеларијата за борба против перење пари на Србија покрена неоправдани истраги против нив за „наводно перење пари и финансирање на меѓународниот тероризам“.

Овој модел на административен и судски притисок врз граѓанското општество и независните медиуми е развиен во Русија, каде од таквите организации се бара да се етикетираат како „странски служби“. Применет е од про-Кремљ режими во други земји во регионот, вклучувајќи ги Унгарија и Северна Македонија (2016–2017).

Повеќе детали за случајот со Пивоваров

На 9 декември, исто така, рускиот новинар и опозициски лидер Владимир Кара-Мурза се осврна на оваа блиска соработка меѓу српските и руските безбедносни сили во изјава за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Тој потврди дека тој и Андреј Пивоваров организирале „семинар на руски општински претставници“ во Белград во мај и дека две недели потоа неговиот колега и чест критичар на политиките на Кремљ бил уапсен во Санкт Петербург и сѐ уште е во затвор.

Два дена претходно, во написот објавен од Радио Ехо Москва, цитирајќи го написот на Данас, Кара-Мурза тврди дека српската безбедносно-разузнавачка агенција, како и српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, имале улога во Апсењето на Пивоваров.

На 31 мај Пивоваров беше симнат од авион кој летал за Варшава, непосредно пред полетувањето.

Кара-Мурза истакна дека начинот на апсење на Пивоваров бил „во белоруски стил“, односно сличен на многу попознатото апсење на белорускиот дисидент Роман Протасевич неколку недели подоцна на крајот на јуни.

Во изјавата за РСЕ, Кара-Мурза го цитираше српскиот дневен весник Данас кој напиша:

На средбата со Вулин на 14 мај 2021 година, Патрушев му се заблагодари за снимките од разговорите од средбата во Белград што ги одржаа членовите на руската опозициска организација Отворена Русија. Имено, овие руски опозиционери тешко се собираат во Русија, па го избраа Белград бидејќи не им требаат визи за влез во Србија. БИА го покри местото за средба и снимките ѝ ги даде на руската страна.

Во октомври, РСЕ објави дека затворениот Пивоваров е обвинет за раководење на „непожелна“ организација, обвинение што произлегува од законот од 2015 година кој постојано се користел за таргетирање на критички гласови.

Контекст за соработката меѓу Србија и Русија

Во подолгиот напис за случајот, Радио Слободна Европа (РСЕ) прави краток осврт на српско – руските односи.

Српските власти ги опишуваат односите со Руската Федерација како „одлични“, па дури и „братски“. Официјален Белград пред се’ се потпира на поддршката на Кремљ за дијалогот за нормализација на односите со Косово, што треба да доведе до правно обврзувачки договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

Москва е една од најсилната поддршка на Србија во Советот за безбедност на Обединетите нации, каде на секои шест месеци се презентира извештај за работата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК).

Во исто време, Србија и’ дава поддршка на Русија во меѓународните организации во однос на полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.

Белград неколкупати гласаше во Обединетите нации против резолуциите со кои се осудуваат кршењето на човековите права на Крим, а Русија се наведува како „окупаторска сила“.

Новинската агенција „Асошиед прес“ јавува дека „Србија и Русија се обврзале да се борат против народните бунтови познати како „шарени револуции“, е контрадикторно во однос на српското кандидирање за влез во ЕУ:

Иако формално бара членство во ЕУ, Србија одби да ја усогласи својата надворешна политика со 27-члениот блок и наместо тоа ги зајакна своите политички, економски и воени врски со Русија и Кина.

Српскиот министер за внатрешни работи Вулин неодамна повторно ја посети Москва на 2 декември, каде официјално се сретна со рускиот министер за одбрана, генерал Сергеј Шојгу, за купувањето на ракетните системи Панцир-Ц1 и отворањето на канцеларијата на руското Министерство за одбрана во Белград.

На 3 декември, српскиот медиум Директно.рс тврдеше дека целта на посетата била да се добијат упатства за справување со масовните протести низ Србија кои бараат заштита на животната средина од планираниот рудник за литиум и повлекување на новиот закон за референдум.

Методите за сузбивање на протестите што се користеа следниот ден вклучуваа полициска бруталност во Белград, а полицијата им дозволи на групите мажи, облечени во качулки и наоружени со дрвени стапови и чекани, насилно да ги нападнат демонстрантите во близина на градот Шабац. Овие тактики се покажаа залудни, бидејќи протестите продолжија следната сабота, што доведе до отстапување на владата од спорните закони.

извор: Вистиномер

 

 

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Изложба на Верим Зендели во КИЦ – Истанбул

June 18, 2025

Бранителот на Велибор Манев бара ослободителна пресуда за убиствата, а осудителна за грабнувањата на Вања и Панче

June 18, 2025

Заврши четвртиот Фестивал на инклузија

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

    (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моралната одговорност не се мери на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Како аналитиката го убеди Клоп да го одбере Салах пред Брант за дресот на Ливерпул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk