Никола Јонков Вапцаров
Фабрика. Над неа облаци од дим.
А народот – прост.
Животот е здодевен и тежи!
Живот е без маска и без грим,
пес е лут што озабен се ежи!
Треба да се бориш, да се бориш,
сиот упорство ќе треба да се сториш
за да дрпнеш од устата пчошка
од забите на тој пес накострешен
лебец трошка!
Шибаат во халите каишите,
чкрбот на трансмисии се слуша.
Станува загушливо,
да дишеш
не би можел спокојно,
со душа!
Недалеку, ветерот в поле роден
нишка ниви а сонцето блешти…
Дрвјата опираат во сводот,
а сенките –
халите ги склештиле.
Туку, колку туѓо, колку не ни требе
тоа поле во заборав сето!
Една рака ги фрли на сметот
идилите со синото небе.
Зашто мигот со срце што чувствува,
зашто мигот на некаков занес
би значело да загубиш попусто
две работни раце што те хранеле!
Низ тој шум, тој трескот на машините
бездруго ќе треба да се црка,
да можат зборојте да ги минат
пространството, без ниедна збрка.
Со гиниди цркав –
вечност цела…
Узнавав: у другите да блујат јад –
машините, фабриките, човекот
од најзафрлениот и темен кат!
Па тој цркот стана заштитник, со кого
си го браневме животот наш така,
му ставиш ли
прат некој некој в тркалата-
ќе ја скршиш сопствената рака…
Ти се мачиш, фабрико,
од горе
пак да трупаш дим и саѓи
пласт врз пласт.
Попусто! Нè научи на борење –
Сонцето ќе слезе
покрај нас.
Фабрико, на толку луѓе болко ледна,
од труд црн оцрнети се тие,
неуморно во тебе срце едно
во илјада други срца бие!
Никола Јонков Вапцаров (1909-1942) е македонски писател со бугарско државјанство од Банско (Бугарија). Активен член на комунистичката партија на Бугарија, осуден е на смртна казна во 1942 и егзекутиран од страна на тогашните бугарски власти.
избор: Тања Кармзова Костиглиола