Министерoт за надворешни работи, Бујар Османи, денеска обелодени дека лани во декември неговата колешка од бугарското МНР, Екатерина Захариева, му дала предлог-договор за решавање на спорот меѓу двете земји.
На денешниот брифинг со новинарите, минисетрот за надворешни работи Бујар Османи информирал дека „два члена од тој договор биле спорни за нас, а со кој се барало да потпишеме дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот, а нацијата произлегла од обидот за ослободување од Oтоманската империја“.
Засега, според Османи, нема идеја за потпишување нов договор со Бугарија.
Извор: Нова ТВ