ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прашањето со Бугарија клучно за МНР и во наредната година, Османи очекува посета на Петков на Скопје во јануари

December 29, 2021 13:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Надминувањето на разликите со Бугарија ќе биде едно од клучните прашања за Министерството за надворешни работи и во наредната година. На тоа, како што рече на денешниот годишен брифинг со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи ќе се фокусираме со цел надминување на разликите, започнување на преговорите, меѓутоа, посочи, МНР има и многу други приоритети.

Во однос на тоа кои се очекувањата на МНР и на што ќе се фокусира како министер, Османи посочи дека прво треба да се формира Владата некаде кон средина на јануари и тогаш можеби првпат после девет месеци ќе имаме две политички влади во двете држави коишто ќе имаат спорови – Република Бугарија и кај нас.

– Самото тоа по себе дава подобра можност за суштински разговори и надминување на разликите, така што очекувам најавената посета на премиерот Петков да се реализира уште во месец јануари и тоа веќе ќе утврди една динамика, една предвидливост за наредниот период, рече Османи.

МНР, посочи Османи, има и други приоритети. – Ние сме членка на НАТО и таму треба да бидеме активно ангажирани во нашите позиции како земја членка на НАТО, но да не заборавиме и дека од 1 јануари влегуваме во тројката претседавачи на ОБСЕ и од тука веќе почнуваат нашите обврски како претседавач во 2023, истакна тој.

Османи посочи дека фокус ќе се стави и на развојот на билатералните односи со државите и тоа пред се со САД и земјите членки на ЕУ, Обединетото Кралство, како и фокусот во делот на економската дипломатија и услугата што ја даваме на нашите граѓани во дијаспората.

Во однос на тоа дали јуни ќе може да има конечно почеток на преговори, Османи рече дека не треба да оставиме простор ова прашање да влезе во замрзнат конфликт.

– Јас ќе работам ден за ден доколку се разбира имам можности за тоа, недела за недела без да давам долги рокови коишто би не опуштиле нас овде, коишто би ги опуштиле во Софија и во Брисел. Мислам дека сме заслужиле преговори, бараме нешто што е наше и заслужено и сметам дека не треба да оставиме простор за да полека ова прашање влезе во замрзнат конфликт, истакна Османи.

Тој подвлече дека наметнувањето на историјата како критериум за членство во ЕУ беше нерационален пристап и е нерационален пристап којшто не го прифаќа ЕУ сама по себе.

– Меѓутоа, Северна Македонија е позната и препозната во светот по однос на правата што ги имаат граѓаните и индивидуалните и колективните и доколку зборуваме за правото на некој граѓанин да има свој погледи кон историјата, слобода за манифестирање на своите културни и идентитетски атрибути се разбира дека државата како и за секој граѓанин тоа ќе го обезбедува на сите. Меѓутоа, пристапот наметнување историја како критериум, договор за една апсолутна историска вистина од пред 100 години, од пред 70 години мислам дека не е патот којшто две европски држави и две држави коишто се членки на НАТО тоа треба да го имаат како една единствена перспектива за соработка, рече Османи.

Инаку, Османи на брифингот со новинарите информира дека поранешната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева во декември минатата година дала предлог за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија, но два члена од тој договор биле спорни за Северна Македонија, бидејќи се барало да се потпише дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот, а нацијата произлегла од обидот за ослободување од Отоманската Империја.

Шефот на дипломатијата, исто така, додаде дека засега нема идеја за потпишување нов договор со Бугарија.

Како што истакна Османи на годишниот брифинг со новинарите, во сила се уште е предлогот на португалското претседателство и тој предлог формално не е отфрлен од Бугарија и оти за нас тоа е единственото нешто што можеме да го прифатиме.

Според него, консолидирањето на бугарското малцинство повеќе е излезно решение, отколку наметнување ирационална вистина. Тој посочи дека до членството на Северна Македонија во ЕУ подготвени сме да ја внесеме бугарската и хрватската заедница во Уставот, посочувајќи оти прашањето за почитување на човековите права е наша најголема сила.

Во однос на тоа доколку нема решение со Софија дали Албанија би излегла од пакетот и би започнала преговори, Османи рече дека досега Тирана јасно изразувала поддршка и не бара исклучување од пакетот.

Османи реферираше за достигнувањата на МНР во изминатата година. Посочи дека се испратени пет економски советници во Дубаи, Варшава, Минхен, Анкара и ФАО и оти за првпат се воведува систем за квантитативно мерење на работата на економските советници.

Тој исто така информира оти се работи на отворање Национална куќа на Северна Македонија во Брисел и отворање дипломатски бизнис клуб во Скопје.

Дијаспората ја наведе како приоритет во изминатата година, посочувајќи дека во десет амбасади се отворени базни станици за вадење пасоши и оти со тоа времето на чекање се скратило од девет месеци на три недели. Како пилот проект го наведе поставување двајца дипломати за дијаспора, во Њујорк и во Осло.

Во однос на билатералните односи, рече дека односите со Вашингтон како најважен стратешки партнер се во фокусот, наведувајќи оти иницирал процес со САД за имплементација на договор за стратешко партнерство како и создавање совет за стратешко партнерство меѓу Стејт департментот и МНР.

Германија исто така е во фокусот на билатералата со силна поддршка за евроинтеграциите а исто така со Германија имаме силна трговска соработка. Како земји со кои имаме интензивна билатерална соработка ги посочи Франција, Велика Британија, Словачка…/MИА/.

Next Post
Фото: Фејсбук профил од Никола Наумоски

Наумоски: ВМРО ги враќа старите имиња на улиците во Скопје, во стариот дух на груевизмот, подмолно, без јавна дебата

Shortcut

Најново

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра

September 11, 2026
New York, NY, September 19, 2001 -- Rescue workers climb over and dig through piles of rubble from the destroyed World Trade Center as the American flag billows over the debris.Photo by Andrea Booher/ FEMA News Photo

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk