ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Амбасадорот Бомгартнер пред пратениците ќе ги презентира приоритетите на француското претседавање со ЕУ

January 4, 2022 16:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Подготовката за собраниската седница предвидена за 13 јануари на која амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер ќе ги презентира приоритетите на француското претседателство со ЕУ, беше една од главните теми на денешниот заседание на Националниот совет за евроинтеграции.

Според најавите, на собраниската седница на 13 јануари, покрај Бомгартнер, ќе присуствуваат и амбасадорите на Германија и Чешка во Скопје, Анке Холштајн и Мирослав Томан, како и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Претседател на Националниот совет за евроинтеграции и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека непримерно и недозволиво е што Министерството за надворешни работи не реагирало за ставовите на лидерот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов, кој стартот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ го поврза со укинувањето на визите за влез на бугарските граѓани во САД и прием на Бугарија во Шенген зоната.

– Недозволиво е да не се реагира на вакви изјави. Да имаше изјава обратно од оваа страна, да речеме претседателот на СДСМ или на ДУИ да имаа ваква навредлива изјава кон Бугарија и бугарскиот народ, бидете убедени дека амбасадорот, кој што за жал го немаме во Софија, односно во случајов претставник на македонската Амбасада, ќе беше повикан и ќе му беше испратена протесна нота од бугарското МНР, изјави Николоски.

Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ, нема да поддржи решение со Софија кое би било надвор од Резолуцијата усвоена во Собранието со која беа исцртани црвените линии на земјава.

За членот на Националниот совет за евроинтеграции Зекир Рамчиловиќ, кој е од редовите на коалицијата предводена од СДСМ, изјавите на Трифонов се негов личен став, желби и видувања, од кои не зависат преговорите на земјава со Унијата.

– Верувам во она што се најавите од новиот бугарски премиер дека работите ќе се одвиваат во друга насока, изјави Рамчиловиќ, изразувајќи надеж за брзо започнување на преговорите на земјава со ЕУ.

Тој го повтори очекувањето дека бугарските барање нема да бидат дел од преговарачката рамка на земјава со ЕУ, ниту пак услов за започнување преговорите со Унијата.

Според Рамчиловиќ, не би требало да дојде ни до одвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, бидејќи со тоа би била упатена погрешна порака не само за граѓаните на земјава, туку и за целиот регион.

извор: МИА

Next Post

СДСМ: Со зголеменото домашно производство на електрична енергија, се спречи драстично зголемување на цената на струјата

НАЈНОВО

ФФМ. Фото: Б. Јордановска

ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

October 30, 2025
Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk