Откако Петар Георгиевски – Камиказа призна дека добил 14.000 евра за озвучување на прославата на новогодишната ноќ на плоштадот, на ред е Данела Арсовска да излезе пред граѓаните и да даде одговори. Кој му платил на Георгиевски за озвучувањето, прашува Љубица Анчевска од СДСМ во изјавата за медиуми.
„По кој основ на фирмата на Георгиевски и биле исплатени 14.000 евра? Градот Скопје вчера официјално соопшти дека парите се платени директно на изведувачите и дека изведувачите, озвучувањето и осветлувањето не биле ангажирани од градот. Како е можно друго правно лице да организира дочек на нова Година во име на град Скопје и врз која основа? Кој може во име на градот да плаќа кон фирми кои биле ангажирани за прославата?“, вели таа.
Дали парите на сите учесници се платени во кеш? Ова е скандал кој може да биде основа за корупција. Особено ако нстапот на Георгиевски претходно бил договорен. Очигледно дека коалицијата меѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ функционира и на локално ниво и освен што е деструктивна, таа сега прераснува во кеш коалиција меѓу двете партии. Арсовска да излезе пред граѓаните и да ги даде сите одговори, наместо да се крие зад штури соопштенија од Град Скопје.