Михаил Јурјевич Лермонтов
И тажно, и здодевно! – Кому да подадеш рака
во часот на душевно бреме?
Зар желби?.. Што корист сè залудно, вечно да сакаш?
А времето мине, најдоброто време.
Да љубиш?.. Но, кого? .. Годините само се редат,
И не можеш вечно да љубиш!
Во себе ќе ѕирнеш? – Минатото пројде без следа,
А, мака, а радост – во ништо се губи!
Зар страста? – Но, рано ил доцна, и глупоста скапа
Пред разумот мора да бега
И животот – гледаш наоколу ладно и тапо –
Останува пуста и глупава шега.
Михаил Јурјевич Лермонтов ( 1814-1841) е руски романтичарски писател и поет. Роден е во благородничко семејство и совршено го познава францускиот јазик. Автор е на повеќе поетски и прозни дела од исклучителна важност за руската литература.
избор: Тања Кармзова Костиглиола