Бугарија е држава членка на ЕУ, а ние сме држава кандидатка за членство во ЕУ. Тоа не обврзува да преговараме врз база на европските вредности и принципи според кои секоја држава пристапила кон ЕУ откако постојат критериумите за членство во ЕУ, истакна лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервјуто за МИА.
„Правото на самоопределување и посебен идентитет и јазик е неотуѓиво право на секој народ. Затоа во преговорите не можеме да правиме отстапки околу тоа дека сме Македонци од Република Северна Македонија кои зборуваат македонски јазик и имаат посебен идентитет. Тоа е отсликано и во Декларацијата, која ја усвои нашето Собрание со поддршка од сите партии.“, вели Ковачевски.
Ј. Ѓ.