ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Топ три дезинформации за заштитните маски во 2021 година

January 9, 2022 14:00
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Коронавирусот којшто веќе две години е присутен во целиот свет, се шири преку респираторните капки што луѓето ги исфрлаат кога зборуваат, пеат, кашлаат или киваат. Заштитните маски доколку се носат правилно и се комбинираат со други заштитни мерки помагаат да се спречи ширењето на коронавирусот. Но и покрај важноста на заштитните маски при спречување на ширењето на вирусот, на социјалните мрежи и во 2021 година се ширеа дезинформации кои неодговорно пропагираа да не се носат заштитни маски, а со тоа предизвикуваа штета на јавното здравје, пишува Вистиномер.мк.

  1. Маските се штетни и го намалуваат кислородот

Голем дел од објавите на социјалните мрежи ги убедуваа корисниците да не носат заштитни маски, со образложение дека тие се штетни односно дека предизвикаат недостаток на кислород и таложење на јаглерод диоксид во крвта.

Иако дишењето во прекумерни количини на ЦО2 (CO2) во голем временски период може да биде опасно, малку е веројатно дека пошироката јавност би страдала од овие компликации со носење маска.

Претставник на Центарот за контрола и превенција на болести во САД, за „Ројтерс“ вели дека јаглерод диоксидот може да се наталожи на маската со текот на времето, но дека неговото ниво е во границите на толерантната нормала.

За да докаже дека маските не се штетни, доктор Маитиу О Туатхаил направил експеримент при што носел не една, туку шест хируршки маски и притоа го мерел нивото на кислород во својот организам. Неговите нивоа на кислород во текот на целиот период биле стабилни, односно изнесувале 99 проценти.

 

  1. Носењето маски предизвикува канцер

Ова тврдење е поврзано со претходното дека маските го намалуваат кислородот, а со тоа предизвикуваат клетките да станат канцерогени.

Но, носењето маска не ве изложува на поголем ризик од рак. Не постојат докази што ја поврзуваат употребата на заштитни маски за лице со ракот, а науката покажува дека сите ризици поврзани со носењето маски се ниски, додека придобивките се високи.

Носењето маска ниту го намалува нивото на pH вредноста на крвта, ниту го афектира крвотокот, ниту на кој било друг начин влијае некој да биде со зголемен ризик од канцер или тумор. Чувството на блага непријатност поради носењето маска нема здравствени ризици.

 

  1. Заштитните маски предизвикуваат бактериска пневмонија

Носењето на заштитна маска не е причинител за бактериска пневмонија, како што тврдат оние кои заговараат да не се носат заштитни маски.

Нема докази дека маските предизвикуваат габични или бактериски инфекции на горните дишни патишта или на долните дишни патишта како кај пневмонијата, изјави за „Ројтерс“ Дејвидсон Хамер, специјалист за заразни болести и професор по глобално здравје и медицина на Универзитетот во Бостон.

За маските да бидат целосно безбедни за користење тие треба правило да се носат и да се одржува максимална хигиена при нивно ставање, вадење и за време на нивната употреба.

 

Маските се важен сегмент во борбата против вирусот

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува заштитните маски да се користат како дел од сеопфатната стратегија на мерки кои спречуваат да се пренесува коронавирусот, заедно со други мерки како одржување на физичка дистанца, проветрување, избегнување на гужви и миење раце. Сите овие препораки треба комбинирано да се применуваат за да обезбеди соодветно ниво на заштита од ковид-19.

Во услови каде што вирусот е активен, без разлика на статусот на вакцинација или историја на претходна инфекција, носењето маска што ги покрива носот и устата се препорачува за јавноста при интеракција со поединци кои не се членови на вашето домаќинство:

  • во затворени простории каде што се знае дека вентилацијата е слаба или не може да се процени, или системот за вентилација не е правилно одржуван, без разлика дали може да се одржува физичко растојание од најмалку 1 метар;
  • на затворено каде има соодветна вентилација ако не може да се одржи физичко растојание од најмалку 1 метар; или
  • на отворено каде што не може да се одржи физичко растојание од најмалку 1 метар.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Американски конгресмени ја доведоа во прашање законитоста на потегот на Трамп за бомбардирање на Иран

June 22, 2025
Фото: X

Нови ирански ракетни напади на Израел, најмалку 11 повредени

June 22, 2025

Иранците тврдат дека Фордо не претрпе значителна штета, МААЕ соопшти дека нема зголемена радијација надвор од нуклеарните објектите

June 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пациенти со тежок дијабетес се излекувани во мало испитување на нов лек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk