ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Добро е што и Владата во Бугарија сака дискусија за прашања за иднината, утврдени се нашите црвени линии

January 10, 2022 23:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Добро е што Владата во Бугарија, исто како и ние, сака дискусијата да се води во однос на прашања што не се однесуваат на строго историски прашања, туку на прашања што се свртени кон иднината, нагласи претседателот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски вечерва на прес- конференција на која ги објави предлозите за членови во новиот состав на Владата.

Нормално е, рече тој, да разговараме за проекти што се однесуваат во областа на инфраструктурата, на зголемување на економската соработка, образованието, културата, како и за начинот на кој Република Бугарија, како членка на ЕУ, може да ни помогне во процесот на пристпување кон ЕУ.

Ние имаме јасни позиции, Република Северна Македонија има четири последователни позитивни извештаи за пристапување кон ЕУ и треба, потенцира Ковачевски, да ни биде доделен датум за одржување на првата меѓувладина конференција.

– Во однос на нашите позиции што се утврдени во Парламентот, македонскиот јазик, македонскиот идентитет се нашите црвени линии, бидејќи ние сме Македонци кои живеат во Република Северна Македонија, рече на прес-конференцијата Ковачевски.

На новинарско прашање како очекува да се постигне напредок кога на денешниот Советот за безбедност во Бугарија се потврдени цврсти позиции дека нема да отстапат од ветото доколку не бидат исполнети нивните пет плус едно барање, Ковачевски повтори дека е добро доколку се разговара за прашања што се свртени кон иднината. Според него, тоа е број еден, бидејќи на тој начин може да се врати довербата, прво помеѓу двете влади и довербата помеѓу граѓаните на двете држави.

– Прво, соседни земји треба меѓу себе да имаат најголема трговска и економска размена и тоа се приоритети што треба да се остварат. Во однос на заклучоците од состнаокот во Бугарија, ги немам видено во детали со оглед на тоа што во исто време траеше нашата седница на Извршниот Централнот одбор , но се надевам дека и таму се реафирмирани ставовите дека треба да разговараме за теми што значат подобар животен стандард за граѓаните, теми свртени кон иднината и оти низ таков разговор ќе ја вратиме довербата помеѓу политичарите во двете држави, помеѓу граѓаните и да не оставиме простор за пропагандисти кои ќе сеат лоша атмосфера помеѓу граѓаните на двете држави и самите држави.

извор: МИА
Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Владата нема да дозволи граѓаните да останат без парно греење, порача Ковачевски

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk