Агенцијата поднесе барање за предлози за лунарна нуклеарна централа што може да ги напојува површинските истражувања.
НАСА и Министерството за Енергетика, во поднесоа заедничко барање за предлози (RFP) за концепти за дизајн na систем за нуклеарна фисија квалификуван за лет за напојување на истражување на површината на Месечината според планот Артемида – програма за истражување на Месечината што ќе ги испрати луѓето назад на Месечината, вклучително и првата жена и првата личност во боја, до 2024 година. Целта на програмата е да ги земе новите знаења и технологии кои се развиени за да се вратиме на Месечината и да воспоставиме човечко присуство таму, и да го искористиме за на крајот да го сториме истото на Марс.
Целта е да се создаде систем што ќе седи на површината на Месечината и ќе ја обезбеди потребната моќ за управување со ровери, спроведување експерименти и претворање на водата и другите ресурси во животна поддршка за астронаутите. Што и да се создаде мора да работи независно од сонцето и да биде доволно лесно за да се префрли во вселената откако ќе биде изградено на земјата. Договор до 5 милиони американски долари е во можност за која било компанија да обезбеди најдобра идеја за работа до крајниот рок за аплицирање во февруари 2022 година. Според НАСА, таа сака лунарната нуклеарна централа да биде подготвена за лансирање „во рок од една деценија“.
Проектот ќе го раководи Истражувачкиот центар на НАСА Глен во Кливленд, конкурентските дизајнерски компании ќе ги развијат своите првични идеи во период од 12 месеци по аплицирањето. Создавањето енергетски извор на Месечината ќе ги доближи агенциите до воспоставување на долгорочно присуство на Месечината до крајот на деценијата, што е скок кон долгорочната цел за испраќање луѓе на Марс.
„Потребни ни се неколку години во орбитата и на површината на Месечината за да изградиме оперативна доверба за водење долготрајна работа и поддршка на животот подалеку од Земјата пред да можеме да тргнеме во првата повеќегодишна човечка мисија на Марс“, се вели во планот Артемида. „Колку побрзо стигнеме до Месечината, толку побрзо ќе стигнеме на Марс“.
превод: Марија Миткоска