„Досега покажавме дека никој не е недопирлив и дека не се мешаме во работата на судството. Досега бевме навикнати да гледаме нарачани пресуди, судски одуки, имавме заштитени ликови кои и покрај цел криминал си седеа во фотелјите. Сега докажавме дека тоа не е веќе така“ кажа пратеничката од СДСМ и предлог кандидатка за министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска со емисијата „200“ на Алсат М.
Таа додаде дека случајот со Рашковски е класичен пример дека никој не е над законот и дека нема недопирливи, бидејќи против него, како близок соработник на претходниот премиер, се води случај.
Костадиновска Стојчевска додаде дека и покрај напорите на владата, сепак опозицијата ги блокира сите закони кои поради одредени причини не им се допаѓаат со процедурални забелешки или, со како што кажа, мал милион амандмани.
„Ние бевме еден од малкуте Парламенти што не можевме да работиме онлајн, поради бесмислените амандмани на опозицијата кои беа навредувачки и омаловажувачки“ кажа Костадиновска Стојчевска.







