ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Најмоќните пасоши во светот за 2022 година

January 11, 2022 14:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
ФОТО: CardMapr/Unsplash

ФОТО: CardMapr/Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Се зголемува јазот меѓу глобалниот север и глобалниот југ кога станува збор за слободите за патување, се вели во првиот извештај за 2022 година на Лондонската советодавна компанија за глобално државјанство и советодавна фирма за престој Henley & Partners, пишува Maureen O’Hare, за CNN.

Фирмата Henley Passport Index, врз основа на ексклузивни податоци обезбедени од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), редовно следи кои пасоши во светот се најпогодни за патување од 2006 година.

Се вели дека зголемените бариери за патување што беа воведени во текот на Ковид пандемијата резултираа со најширокиот јаз во глобалната мобилност во 16-годишната историја на индексот.

Индексот не ги зема предвид привремените ограничувања, па оставајќи го настрана вистинскиот моментален пристап за патување, носителите на пасоши на врвот на неговото рангирање Јапонија и Сингапур можат да патуваат без визи до 192 дестинации .

Тоа е за 166 повеќе дестинации од авганистанските државјани, кои се наоѓаат на дното на индексот од 199 пасоши и можат да пристапат до само 26 земји без однапред да бараат виза.

Европа доминира

Понатаму во топ 10, рангирањето останува практично непроменето како што влегуваме во првиот квартал од 2022 година. Јужна Кореја е изедначена со Германија на второто место со резултат од 190, а Финска, Италија, Луксембург и Шпанија се заедно на третото место со оценка 189.

Земјите од ЕУ доминираат на врвот на листата како и обично, Франција, Холандија и Шведска кои се искачија за едно место за да им се придружат на Австрија и Данска на четвртото место со оценка 188. Ирска и Португалија се на петтото место со 187.

Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство, кои заедно го држеа првото место во 2014 година, малку се наназад. Тие се на ранг бр.6, заедно со четири други нации, односно Швајцарија, Норвешка, Белгија и Нов Зеланд.

На број 7 ги имаме Австралија, Канада, Чешка, Грција и Малта. Источноевропските земји го сочинуваат остатокот од топ 10. Унгарија и Полска се искачија на осмото место, Литванија и Словачка се искачија на број 9, а Естонија, Летонија и Словенија се на десеттата позиција.

Позитивна внатрешна миграција

Во најновиот извештај се забележува дека појавувањето на варијантата Омикрон кон крајот на минатата година го осветли растечкиот јаз во меѓународната мобилност меѓу побогатите земји и сиромашните, укажувајќи на строгите ограничувања воведени против главно африканските нации кои генералниот секретар на UN Antonio Guterres ги опиша како „патувачкиот апартхејд“.

Настрана од пандемијата, севкупните нивоа на слобода на патување значително се проширија во последните неколку децении. Фирмата Henley Passport Index во 2006 година откри дека поединецот, во просек, може да посети 57 земји без да треба однапред да добие виза. Денес, тој број е 107 што е речиси двојно.

Сепак, овие нови слободи првенствено ги уживаат Европа, Северна Америка и побогатите азиски нации. Имателите на пасоши од нации како Ангола, Камерун и Лаос можат да влезат само во околу 50 држави.

Christian H. Kaelin, претседател на „Henley & Partners “ и креатор на концептот за индекс на пасоши, вели дека отворањето на миграциските канали ќе биде од клучно значење за закрепнувањето по пандемијата.

„Пасошите и визите се меѓу најважните инструменти кои влијаат на социјалната нееднаквост ширум светот бидејќи ги одредуваат можностите за глобална мобилност“, вели тој.

„Границите во кои се раѓаме, и документите што имаме право да ги поседуваме, не се помалку произволни од нашата боја на кожа. Побогатите држави треба да поттикнат позитивна внатрешна миграција во обид да помогнат во прераспределбата и ребалансот на човечките и материјалните ресурси ширум светот “, изјави Christian H. Kaelin.

Најдобрите пасоши за поседување во 2022 година се:

  1. Јапонија, Сингапур 192 дестинации
  2. Германија, Јужна Кореја 190 дестинации
  3. Финска, Италија, Луксембург, Шпанија 189 дестинации
  4. Австрија, Данска, Франција, Холандија, Шведска 188 дестинации
  5. Ирска, Португалија 187 дестинации
  6. Белгија, Нов Зеланд, Норвешка, Швајцарија, Обединетото Кралство, САД 186 дестинации
  7. Австралија, Канада, Чешка, Грција, Малта 185 дестинации
  8. Полска, Унгарија 183 дестинации
  9. Литванија, Словачка 182 дестинации
  10. Естонија, Латвија, Словенија 181 дестинации

Најлошите пасоши за поседување

Неколку земји ширум светот имаат безвизен пристап или пристап по пристигнување во помалку од 40 земји. Тие се:

  1. Северна Кореја 39 дестинации
  2. Непал и палестински територии 37 дестинации
  3. Сомалија 34 дестинации
  4. Јемен 33 дестинации
  5. Пакистан 31 дестинации
  6. Сирија 29 дестинации
  7. Ирак 28 дестинации
  8. Авганистан 26 дестинации

Други индекси

Списокот на Henley & Partner е еден од неколкуте индекси создадени од финансиските фирми за рангирање на глобалните пасоши според пристапот што им го обезбедуваат на своите граѓани.

Индексот за пасоши на Хенли рангира 199 пасоши според бројот на дестинации до кои нивните сопственици кои можат да пристапат без претходна виза. Се ажурира во реално време во текот на годината, како и кога ќе стапат на сила промените во визната политика.

Индексот за пасоши на Артон Капитал ги зема предвид пасошите на 193 земји-членки на Обединетите нации и шест територии РЦ Тајван, Макао (САР Кина), Хонг Конг (САР Кина), Косово, Палестинска територија и Ватикан. Териториите припоени кон други земји се исклучени.

Индексот за 2022 година ги има Обединетите Арапски Емирати на првото место, со оценка за безвизна/виза при пристигнување од 160 дестинации.

Подготви: Мартина Ацковска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ја разобличува авторитарната страна на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk