ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Со вакцината не ви се менува геномот и не станувате плен на „трансхуманистичка агенда“

January 11, 2022 13:56
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Фото: Мета

Фото: Мета

Share on FacebookShare on Twitter

Пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на една дезинформација што беше објавена на Фејсбук:

Рецензираме пост на Фејсбук во кој е споделено видео од руски владика, кој, пак, вели дека „глобалните елити сакаат да избришат 6 милијарди луѓе“. Тој додава и дека светските лидери марширале под знамето на трансхуманизмот. Во постот кој го рецензираме се додава и дека Русија се наоѓа на историска раскрсница пред одлуката дали ќе ги прифати или не вакцините и трансхуманистичката агенда или не.

Свештеникот вели дека единствен начин да се надмине оваа пеколна агенда е молитвата и постот, нагласувајќи дека молитвата без пост не би била доволна. Тоа е брилијантна проповед и претставува идеал за тоа какви треба да бидат православните проповеди, вели авторката на постот.

Во постот споделено е видео од проповед во руска православна црква, во која свештеникот не зборува директно за вакцините. Меѓутоа, тој навистина споменува дека има трансхуманистичка агенда што ја спроведуваат политичките елити, кои се доживуваат себеси како Бог и дека целта е да се искоренат шест милијарди луѓе од планетата Земја и да останат мал број од нив. Станува збор за свештеникот Порфириј, кој, пак, во претходни проповеди од јули годинава тврдел дека ковид вакцините може да го изобличат Божјиот образ и лик на луѓето.

Во таа посебна проповед, тој, исто така, изнесува низа дезинформации, како, на пример, дека вакцините се генетски модифициран, високотехнолошки продукт, што содржи протеини од ДНК кои се вградуваат во човековиот геном, го модифицираат и го менуваат.

И во овој момент христијанинот одговорен за своето спасение мора да сопре. Сите знаеме како изгледа генетски модифицирана храна. Доматот, на пример, однадвор изгледа на домат, но не и однатре. Што е генетски модифициран човек или човек со променет геном и до кое ниво Божјиот образ останал непроменет во него и кој може да гарантира дека оваа интервенција не предизвикала непоправлива штета на нашиот образ Божји?, истакнува тој во проповедта која е споделувана и на руски канали за ортодоксија.

Свештеникот го поставува прашањето дали човекот навистина останал автономна и суверена личност или, пак, центарот на негова контрола е пренесен некаде надвор од него.

Кои се фактите?

Во вакцините против ковид-19, нема мРНК модифицирачка трансхуманистичка нанотехнологија, што и да значи тоа.

Ниедна од вакцините не содржи нанотехнологија, а уште помалку за трансхуманизам. Тоа не ни постои, изјави Марк Линас, професор на Корнел Универзитетот за Политифакт.

Професорката по епидемиологија на Универзитетот во Флорида, Синди Принс, вели дека трансхуманизмот е верување дека може да се промени и да се подобри човековото тело со технологија.

Има луѓе кои веруваат дека треба да се воведе човековата свесност врз компјутерите, но тие се маргинализирана група и немаат ништо со создавачите на вакцините. Јас сум вакцинирана и можам да гарантирам дека единствената модификација што ја имам е имунитет против ковид-19, вели Принс.

мРНК вакцините не користат нанороботска технологија. Присуството на наночестички во ковид вакцините не значи дека тие може да содржат мали роботи или компјутери.

По вакцинацијата луѓето остануваат луѓе! Човекот што ќе се вакцинира останува човек, исто како и невакцинираниот, а не трансчовечка личност, што и да значи тоа.

мРНК од вакцините не останува во човековото тело засекогаш, туку се разградува и телото се ослободува од него за најмногу 72 часа, како што и официјално се наведува на официјалната страница за вакцинација во земјава.

Нема докази дека на луѓето кои се вакцинирани, ниту сега, ниту во иднина ќе им бидат одземани човековите права или, пак, дека ќе им се промени „човечноста“. Ова лажно тврдење најверојатно се темели на погрешното разбирање на науката користена во развојот и дејствувањето на ковид-19 вакцините.

Во Република Северна Македонија, лидерите на сите верски организации апелираа на вакцинација и потврдија дека таа не е во спротивност со верските доктрини. 

Со вакцината нема да станете генетски модифициран организам, како што лажно се тврди во постот што го рецензираме.

За разлика од конвенционалните вакцини, кои користат цел патоген или фрагмент, мРНК вакцината вклучува инјектирање на мал дел од генетскиот код на вирусот (ДНК или РНК), за да стимулира имун одговор кај пациентот без никаква инфекција.

Оваа процедура не создава генетски модифицирани организми, како што дезинформира постот што го рецензираме. Генетски модифициран организам претставува организам во кој еден или повеќе гени (исто така, наречени трансгени), се спојуваат со генетски материјал од друг организам со ДНК технологија.

МРНА вакцините функционираат на начин што во телото внесуваат РНК молекула, којашто предизвикува клетките да произведат протеин, којшто наликува на еден од виралните протеини кои го сочинуваат Сарс Ков 2 вирусот. Потоа, клетките го препознаваат виралниот протеин и креираат имун одговор на него, примарно со генерирање на антитела. Модификувањето на ДНК не се случува со овие вакцини.

За сервисот на проверка на факти на Асошиејтед Прес, доктор Дан Кулвер, пулмолог од Клиниката Кливленд, потврдил дека не е возможно мРНА вакцината да ја промени човековата ДНК.

За тврдењето дека елитите сакаат да искоренат шест милијарди луѓе од планетата, нема никакви докази. Уште помалку тоа би се правело со вакцини, кои докажано спасуваат животи од тежок тек на болеста и смртност. Исто така, во 2020 година, светската популација беше 7.75 милијарди и забележа раст.

Во 2021 година, според Ворлдометерс, имало уште поголем раст. Светската популација се очекува да расте и годинава, како и идната година.

Статистички, бројот на жители на планетата земја не се намалува, туку расте и така се предвидува да биде и до крајот на ова столетие.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е точно оти глобална елита сака да ја депопулира планетата, дека со вакцините луѓето стануват ГМО организми, ниту дека им се менува геномот, како и оти не е вистина дека со вакцината станувате плен на некаков трансхуманизам, пишува „Вистиномер“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Американски конгресмени ја доведоа во прашање законитоста на потегот на Трамп за бомбардирање на Иран

June 22, 2025
Фото: X

Нови ирански ракетни напади на Израел, најмалку 11 повредени

June 22, 2025

Иранците тврдат дека Фордо не претрпе значителна штета, МААЕ соопшти дека нема зголемена радијација надвор од нуклеарните објектите

June 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пациенти со тежок дијабетес се излекувани во мало испитување на нов лек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk