ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Владата реагира навремено и ефикасно во енергетската криза

January 12, 2022 20:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мерки за ублажување на последиците од глобалното покачување на електричната енергија започнаа уште минатата година преку намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто, а во периодот што следи ќе следуваат нов пакет мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните. Ова вечерва го соопшти претседателот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски, кој смета дека треба да се направи анализа во однос на начинот на кој беше пресретната оваа енергетска криза.

-Министерството за финансии, каде јас бев директно вклучен, веќе на првите знаци на покачувањето на цената на енергенсите, веднаш интервениравме со намалување на стапката на ДДВ за електрична енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи од 18 на 5 проценти. И кога видовме дека цената на електричната енергија не застанува, туку напротив расне, тогаш веќе почнавме со обезбедување ликвидни средства и со давање наредби до сите производствени капацитети да бидат пуштени во погон со цел да се обезбеди електрична енергија од домашно произвидство, рече Ковачевски во дебатната емисија „Топ тема“ на ТВ Телма.

Од тој аспект, како Влада, како што рече, реакцијата беше брза и навремена.

Појасни дека ТЕЦ Неготино не се раективира првпат, таа и во минатото беше реактивирана кога постоеше една помала енергетска криза, се со цел да биде пуштен во системот. Овој пат, вели, тоа се изведе на добар начин, беше добро синхронизирано пуштањето и немаше последици по однос на елетропреносната мрежа.

Коавчевски нагласи дека нема дилеми и дека сите одлуки ги носеле заедно со министерот Фатмир Бесими врз основа на анализи кои се однесуваат на краткорочно и среднорочно движење, на факторите кои влијаат на одредени даноци.

-Ова не беа единствени даночни олеснувања во однос на електричната енергија кои беа донесени. Ние носевме даночни олеснувања и во однос на занаетчиските услуги, даночни намалувања и во однос на угостителскиот сектор, кога тоа беше потребно, рече Ковачевски. Додаде дека имаат експерти со големо искуство во МФ и кои секојдневно ги следат движењата на цените на енергенсите.

Според него, врз основа на тие анализи и овие одлуки кои важат во одреден временски период ќе бидат подложни на анализа, можеби и на промена. Тоа сепак, како што рече, ќе зависи и од движењето на цените на пазарот.

-Сега се уште сме далеку од јуни, практично шест месеци бидејќи за една таква измена дали ќе останеме на истата стапка на враќање до 10 проценти или ќе останеме на пет проценти ќе зависи од движењето кое го гледме секојдневно, веројатно во март и април ќе оцениме како ќе продлжиме во однос на стапките, рече Ковачевски.

Најави дека работат на сеопфатно решение за заштита на граѓаните од поскапувања, но и за да се обезбеди парно греење во Скопје.

-Владата, надлежните институции преземаат конкретни чекори за надминување на последиците од енергетската криза. Работиме на сепфатно решение за заштита на граѓаните од поскапувањата. Активирани се сите домашни капацитети за производство на електрична енергија. Вчера на владина седница беа обезбедени дополнителни 670 милиони денари за АД ЕСМ за производство на електрична енергија и вложување во проекти во обновиливи извори на енергија со што ќе го подобри билансот на произведена електрична енергија. Веќе почнавме со обезбедување на ликвидни средства и да обезбедиме парното греење во Скопје, рече Ковачевски.

Додаде дека државата има обврска од Буџетот, кој се полни од граѓаните и компаниите, да ги заштити оние најранливи категории граѓани особено во време на вакви кризни периоди, дека тоа државата го прави и ќе продолжи да го прави преку нов сет на мерки кои имаат за цел да го заштитат животниот стандард на граѓаните, меѓу нив веќе се одлуките за субвенционирање на сметките за електрична енергија, како и субвенционирање на разликата во цената на парното греење во Град Скопје.
-Ние како Влада нема да дозволиме граѓаните на Град Скопје да останат без парно иако парното греење е комунилна услуга за која што надлежност има и градот Скопје меѓутоа очегледно дека и по вчерашните прес-конференции и денешните кои што ги слушнавме градот Скопје не планира да учествува во помош во однос на одржувањето на парното греење во градот Скопје, нагласи Ковачевски.
извор: МИА
Next Post

Бектеши: Градот Скопје и општините да ги платат сметките за парно барем за декември

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk