ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бектеши: Градот Скопје и општините да ги платат сметките за парно барем за декември

January 12, 2022 20:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика Градот Скопје и скопските општини да ги платат сметките за топлинска енергија, како што наведе, барем за месец декември бидејќи до денес тоа не го направиле.

– Минимум што можат да направат е да ги платат сметките за парно греење, кажа министерот за Бектеши во вечерашното гостување во дневникот на ТВелевизија Сител.

Како што информираше министерот, Градот Скопје и општините согласно Законот за енергетика и Законот за комунална дејност се задолжени да обезбедат сигурност во снабдувањето со топлинска енергија за граѓаните, за што треба да бидат подготвени во рамки на своите буџети кои ги усвоија на крајот на минатата година, кога веќе и беше прогласена енергетската криза, да обезбедат средства и да им излезат во пресрет на граѓаните

– Ако Градот Скопје и општините во склоп на Градот Скопје не се подготвени да покријат 20 отсто од разликата од актуелната до реалната цена на топлинската енергија, како што предложи Владата, тогаш подготвени сме ние целосно односно 100 проценти да ја покриеме оваа разлика, кажа Бектеши.

Во однос на прашањето што ќе се случи доколку БЕГ не се согласува со овој предлог, министерот Бектеши кажа дека Владата ќе ги искористи сите законски можности кои ги има на располагање, што значи доколку е потребно и одземање на лиценцата за работа и назначување на привремено управување.

– Се уште се чека одговор и од компаниите кои имаат лиценца за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, за што во текот на утрешниот ден Владата ќе донесе конечна одлука која ќе биде по предлог на Комисијата која е формирана за да ја следи ситуацијата со кризната состојба„ кажа министерот Бектеши и дополни дека ќе биде донесена одлука целосно да се стави во функција и ТЕ-ТО односно да работи и за време на викенд, да произведува и електрична и топлинска енергија во текот на целата недела, а не само во време на пикови.

Бектеши ги повика Градот Скопје, општините и сите институции да бидат солидарни во вакви кризни времиња и да им излезат во пресрет на граѓаните.

извор: МИА
Next Post

Враќање на довербата низ дијалог – очекува Ковачевски од средбата со Петков

Shortcut

Најново

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk