ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска – Брнз: Северна Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

January 12, 2022 12:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз денеска и предаде американско знаме на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како знак на заслуги за одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и САД, на церемонија во Скопје што започна со интонирање на химните на двете земји.

Шекеринска е првиот наш министер на кој му е врачено американско знаме како симбол и признание за одличната соработка и зајакнато партнерство и сојузништво со САД.

– Благодарение на вашата визија и влијание, Армијата на Северна Македонија брзо се модернизираше и се движеше напред во целосна НАТО интеграција. Како најнов член на Алијансата, Северна Македонија веќе е значителен придонесувач кон стабилноста и безбедноста. Под вашето лидерство, САД и Северна Македонија дополнително ја продлабочија меѓусебната соработка како никогаш досега во 28-годишната соработка во одбраната на двете земји, што најдобро ја потврдува развојот на „Криволак“ во најдобра тренинг зона во Европа, истакна амбасадорката Брнз.

Прифатете го ова знаме, што се вееше над Амбасадата на САД во Скопје, рече Брнз, како симбол на наша благодарност и пријателство.

Министерката Шекеринска изрази задоволство што заедно двете држави испишале историја и покажале дека географската оддалеченост од неколку илјади километри може да се претвори во блискост и да се споделуваат исти вредности.

– Вредности кои и во овие моменти се на тест. Заедно стоиме на страната на демократијата, правото на избор, мирот и стабилноста во пошироката евроатланска област, каде токму сега еден друг, и на двете земји пријателски народ, бие битка за политичка слобода, да ја определи својата иднина, рече Шекеринска.

Зад д енешниот чин и заедничкото пријателство и сојузништво, како што посочи министерката, стојат повеќе од 41-заеднички изведена вежба со приближно пет илјади припадници на нашата и повеќе од три илјади припадници на Армијата на САД, 100-тина школувања и обуки, заедничките планови и видливите резултати во Криволак, проектите за модернизација на Вооружените сили.

– За министер за одбрана не постои поголема награда од тоа да работиш и да учествуваш во двата историски резултати од последните две пандемиски години – членството во НАТО во 2020 година и целосна воена интеграција со Алијансата во 2021 година. Овие успеси се наша национална гордост, но тие имаат силен печат од нашиот сојузник и зад нив стои силна американска поддршка и помош. Благодарам што останавме со нас и покрај нас, благодарам што верувавте и кога ние ја губевме вербата, благодарам што постојано дававте поддршка на Министерството, Армијата и на нашата држава, нагласи Шекеринска, изразувајќи уверување дека соработката ќе продолжи и во иднина.

Знамето што денеска и беше врачено на Шекеринска, како и македонското знаме што пред една година го добила од колегите во НАТО, како што рече, ќе сведочат за „искушенијата низ кои поминавме, но и за заедничкиот историски резултат кој е постигнат“.

извор: МИА

Next Post

Костадинов: Верувам во пресврт во односите со Бугарија, двете земји треба да се сврат кон иднината

НАЈНОВО

Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

October 30, 2025
Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk