ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Научници предвидуваат пораст на деменцијата во светот

January 13, 2022 10:02
in ДЕНЕС, ЗДРАВ ЖИВОТ, СВЕТ

Нов труд којшто ги анализира трендовите на јавното здравје во 195 земји, предвидува дека деменцијата како заболување ќе ја имаат околу 153 милиони луѓе ширум светот до 2050 година. Тоа е околу трипати повеќе отколку во 2019 година.

Тројното зголемување на когнитивните нарушувања со оштетена меморија, вклучително и Алцхајмеровата болест, е поврзано со трендовите во факторите на ризик – дебелината, дијабетесот, ниското образование и пушењето. Испитувањата се објавени во „Глобал бурден оф дезис“ (Global Burden of Disease). Жените кои живеат со деменција и натаму ќе бидат побројни од мажите и наредните 30 години, според истражувањето, поради генетските фактори на опасност и подолгиот животен век, бидејќи ризикот од деменција се зголемува со возраста.

Истражувачите предвидуваат дека Северна Африка, Блискиот Исток и источна субсахарска Африка ќе доживеат најголем пораст на деменција, а бројките ќе се зголемат за четирипати. Спротивно на тоа, помал раст се очекува во побогатите земји во азиско-пацифичкиот регион и во Западна Европа.

Сепак, прогнозата може да се промени доколку се преземат соодветни мерки, се вели во придружниот коментар во истото списание.

Трудот дава „апокалиптични проекции кои не ги земаат предвид препорачаните промени во животниот стил“, велат лекарите од Универзитетската болница во Бордо, Франција – Мајкл Шварцингер и Керол Дуфоил, кои не биле вклучени во испитувањата.

Поради сето горенаведено, надлежни лица се обидуваат да осмислат политики насочени кон справување со опасноста од деменција, која е седма на списокот водечки причини за смрт во светот. Производителите на лекови, исто така, се обидуваат да осмислат терапии за борба против Алцхајмеровата болест.

– Дури и скромниот напредок во спречувањето или одложувањето на деменцијата би се исплатувал неверојатно, вели водечкиот автор на испитувањата, Ема Николс од Институтот за здравствена метрика и евалуација при Универзитетот во Вашингтон во Сиетл, САД. – За да имаме најдобри резултати, мора да ја намалиме изложеноста на водечките фактори на ризик во секоја земја, објасни таа.

Иако се барани од многу компании, лековите за Алцхајмерова болест досега покажаа ограничена делотворност во борбата против деменцијата. /МИА/.

Next Post

Спасовски: 2021 е најбезбедна година во сообраќајот

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk