Министерот Спасовски на својот Фејсбук објави дека изминатата година е најбезбедна година во сообраќајот.
„Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди во 2021 година 111, што е за 14 жртви помалку споредбено со 2020 година 125“, напиша Спасовски.
Исто така најави дека МВР продолжува со засилените контроли и превентивните акции и во 2022 година.
„Нашата цел е оваа година да биде најбезбедна до сега“, истакна Спасовски.
Спасовски апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.