Во Србија во последните 24 часа се потврдени 12.877 нови случаи на коронавирус, врз основа на 33.195 тестирани примероци. Од последната делница загинале 26 лица, јавува Танјуг.
На респиратори се 85 пациенти со коронавирус, а хоспитализирани се вкупно 2.287 пациенти со оваа инфекција. Од почетокот на пандемијата, во Србија се регистрирани 1.386.114 случаи на коронавирус, а тестирани се 7.515.129 лица.
Досега од КОВИД 19 починале 12.984 лица. Стапката на смртност е 0,94.
Словенија: Повеќе од 7.400 новозаразени
Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 7.420 заразени со коронавирус, што е нов рекорден број дневни случаи во брз раст на нови инфекции, со 50 отсто позитивни, откако претходниот ден имало 5.164, соопштено е од Љубљана.
Со 14.814 ПЦР тестови, откриени се 7.420 инфекции, а позитивни се 50,1 отсто од резултатите, објави во средата Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ) и ова е нов рекорд на дневни потврдени новозаразени од почетокот на епидемијата.
Бројот на активни случаи на зараза се искачи на 45.473 случаи, а 14-дневната инциденца на 2.156, соопшти Министерството за здравство. Седумдневниот просек на нови инфекции се зголеми за 123 проценти и сега изнесува 4.412.
Омикрон доминира
Епидемиолошката состојба се влошува поради веќе доминантниот сој на омикрон, а анализите на научниците кои работат за владата сугерираат дека сегашниот петти бран би можел да го достигне врвот на крајот на овој или првата половина на следниот месец.
Епидемијата рапидно расте поради многу позаразната варијанта на омикрон, што може да се покаже во оптоварувањето на болничките капацитети, а се повеќе луѓе се во карантин и изолација, што може да ја загрози работата на основните служби во инфраструктурата, предупредуваат здравствените работници.
На почетокот на февруари, во болниците во одделенијата за КОВИД би можело да има онолку луѓе колку што имало на врвот на четвртиот бран предизвикан од варијантата делта, според Институтот Јожеф Штефан, кој работи на проектирање епидемија за владата.
Хрватска: Речиси 10.000 нови случаи
Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 9.894 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2, а уште 27 лица починале како последица на вирусот.
Штабот за цивилна заштита на Република Хрватска извести дека бројот на активни случаи во Хрватска денеска е вкупно 53.051.цОд нив, 1.822 пациенти се во болница, од кои 220 се на респиратор, а починале 27 лица.
„Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, со новиот коронавирус се дијагностицирани вкупно 785.033 лица, од кои 12.983 починале, вкупно 718.999 се оздравени, од кои 3.644 во последните 24 часа“, наведуваат од Штабот.
Во самоизолација во моментов се 22.474 лица, а досега се тестирани вкупно 3.921.868 лица, од кои 21.301 во последните 24 часа.
До 11 јануари се потрошени 4.875.974 дози вакцина, а вакцинирани се 56 отсто од вкупното население и 66,69 отсто од возрасната популација. На 11 јануари се потрошени 23.491 доза вакцина, од кои со првата доза се вакцинирани 2.190 лица.
Заклучно со 11 јануари, 2.272.722 лица биле вакцинирани со најмалку една доза, од кои 2.171.126 лица биле вакцинирани или 63 отсто од возрасното население.
Босна и Херцеговина: 2.577 нови случаи
Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина потврдени се 2.577 новозаразени, а 22 лица починале како последица на КОВИД 19, јавува Анадолија.
Во изминатите 24 часа во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ пријавени се вкупно 4.698 примероци, од кои 1.822 се позитивни на САРС-КоВ-2. Досега се тестирани вкупно 1.088.137 примероци, а SARS-CoV-2 е потврден кај 199.316 лица.
Во последните 24 часа во лаборатории во Босна и Херцеговина во ентитетот Република Српска (РС) биле тестирани 1.152 лабораториски примероци, а новиот корона вирус е потврден кај 577 лица. Има 263 мажи и 314 жени, од кои 114 се млади, 380 се средовечни и 83 се повозрасни.
Во последните 24 часа во Институтот за јавно здравје на РС се пријавени 13 смртни случаи, од кои 11 мажи и две жени.
Денеска во округот Брчко во БиХ се регистрирани 178 нови случаи на инфекција со коронавирус, а две лица починале.
Црна Гора: 1.945 новозаразени
Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани уште 1.945 заразени и четири смртни случаи, меѓу кои најмладиот починат пациент имал 33 години.
Тестирани се 5.239 примероци на коронавирус, соопшти Институтот за јавно здравје, пренесува Танјуг.
Најмногу новозаразени се регистрирани во Подгорица – 571 лице.
Од почетокот на пандемијата во Црна Гора, како последица на корона вирусот починале 2.457 лица.
Вкупниот број на моментално активни случаи на Ковид 19 во Црна Гора е 16.530.
Северна Македонија: 1.822 новозаразени
Северна Македонија пријави 1.822 нови случаи на коронавирус, од кои 173 се реинфекции.
Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека во последните 24 часа се направени 7.123 тестови за корона вирус и дека 25,58 отсто биле позитивни, пренесува Бета.
Регистрирани се вкупно седум смртни случаи од Ковид, од кои тројца починале во последните 24 часа, а четворица со претходен датум на смрт се пријавени преку електронскиот здравствен систем „Мој термин“.
Во Северна Македонија од коронавирус починале 8.062 лица, од почетокот на епидемијата се регистрирани 238.061, а активни се 13.478 случаи.
Косово: Еден смртен случај и 424 новозаразени
Според Министерството за здравство на Косово во последните 24 часа биле тестирани 6.360 примероци, од кои 424 биле позитивни на корона вирусот, јавува Анадолија.
Во последните 24 часа е регистриран еден смртен случај како последица на Ковид 19, оздравени се 89 граѓани, а вкупниот број оздравени изнесува 158.284.
Вкупниот број на активни случаи е 2.992.
Од почетокот на епидемијата во Март 2020 година, во Косово се тестирани 1.450.174 примероци, од кои 163.269 се регистрирани позитивни на коронавирус. Вкупно 2.992 починати лица.
превод: М. Ацковска
Извор: Al Jazeera Balkans