ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бомгартнер: Сакаме да бидеме корисни и да направиме сè за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ

January 14, 2022 14:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најмногу сакаме да бидеме корисни и да направиме сè што ќе помогне да се подобри состојбата со цел да се придвижат позициите, да се постигне договор и да се отворат преговорите за Северна Македонија. Доколку ова е можно во време на француското претседателство, тогаш сето тоа ние и ќе го направиме, изјави амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер на денешната прес-конференција на којашто ги претстави програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, надополнувајќи се на изјавата од Бомгартнер додаде дека ништо не е променето и оти односите со Западен Балкан и Северна Македонија остануваат во иста рамка за стабилизација и асоцијација.

Во однос на црвените линии во преговорите со Бугарија, Гир посочи дека Северна Македонија направи сè што е неопходно ги исполни сите услови за отворање на преговорите.

– Ги охрабруваме и Северна Македонија и Бугарија да продолжат со преговорите за да се решат нивните заемни прашања за да можеме да ги отвориме преговорите за членство. Во однос на различните декларации во двете собранија ќе ви кажам дека тоа е билатерално прашање од кое се засегнати двете држави. Охрабрувањето го гледам и низ посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Северна Македонија, додаде тој.

Говорејќи за договорот со Фронтекс францускиот амбасадор истакна дека со постигнување договор меѓу Софија и Скопје, ќе се овозможи и деблокада на ова прашање, односно со усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција ќе се разреши и тој договор.

Евроамбасадорот Гир, пак истакна дека веќе физички има присутни полицајци од повеќе држави членки на Унијата, кои даваат поддршка за чување на границите и оти тој договор е веќе постигнат меѓу ЕУ и Северна Македонија.

– Ве слушам и свесен сум за нетрпението и очекувањата за ова и веќе сум кажал дека се наоѓаме во фаза што е поразлична. Реално кажано се наоѓаме во контекст што глобално е нов и минатата година, особено последните недели беа појаснети голем број на политички работи особено во Бугарија. Денес, ние имаме бугарска Влада што е изгласана со политички капацитет да одлучува што не беше случај претходно. Во текот на 2021 година за три месеци имаше три избори, тоа е нов услов и Дејвид го истакна тоа. Имаме впечаток дека во овој нов контекст има охрабрувачки сигнали, а ние како француско претседателство, а тоа важи и за сите други европејци и засегнати институции, не сакаме да направиме нешто што би било непродуктивно во овој благонаклонет контекст, изјави Бомгартнер во одговор на новинарско прашање.

Што се однесува до улогата што Франција може да ја одигра во преговорите меѓу Скопје и Софија, тој вели дека не е прашањето дали, туку како можат да бидат корисни со цел да го поддржат процесот што е во тек.

– Денес прашањето за посредништво не е на маса од повеќе причини, бидејќи не е потребно посредништво и не треба трета страна, бидејќи двете страни треба да се договорат за воспоставување на дијалог бидејќи единствено нешто што посакуваме е колку што можеме да бидеме корисни за да можат да се испорачаат резултати за оваа важна земја, додава францускиот амбасадор.

Во однос на одвојување на пакетот Северна Македонија – Албанија за време на преговарачкиот процес, Бомгартнер истакна дека не станува збор за француски став и оти тоа е објективен и правен став.

– Правно нема тесна врска меѓу двете земји, но од друга страна ќе кажам дека има политичка одлука и дебата што беше во рамки на Советот и кога се случија тие дебати, заклучокот беше јасен. Во моменталните услови не се препорачува раздвојување, туку приоритет е да се обединат сите корисни напори за да се деблокира состојбата во спорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија и со тоа да се отвори патот за почеток на преговорите и за двете држави, вели Бомгартнер.

Тој додаде дека посетата на бугарскиот премиер Петков е охрабрувачка, бидејќи се случува веднаш по составот на новата македонска влада и е прва билатерална посета во странство.

За време на промоција на програмата и приоритетите на Франција во претседавањето со Советот на Европската Унија, амбасадорот посочи дека француско претседателство е една амбиција која е дел од континуитет, а приоритетите се водат од три клучни поими – обнова, моќ и припадност.

– Ова претседателство се случува во посебен контекст, од една страна здравствената состојба не е целосно нормализирана, сè уште треба да се соочуваме со последиците од коронавирусот, а како Европејци ќе продолжиме да делуваме и на логистичка и на материјална гледна точка во поглед на сите настани кои планираме да ги организираме во рамки на француското претседателство, вели тој.

Амбасадорот додаде дека неколку години живееме во свет што е понестабилен, под закани од геополитичка природа кои се многу поважни од претходните години и децении и светот, а особено Европа се соочуваат и со одредени предизвици со големи размери во однос на целокупното човештво, а се поврзани со климатските промени, миграцијата, терористичките закани, а нивната амбиција е преку претседателството да помогнат во соочување со сите предизвици и закани. /MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Украинска амбасада: Колку побргу болните умови во Кремљ ја изгубат способноста да ја финансираат војната, толку повеќе животи ќе спасиме во Украина

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk