ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОРУПЦИЈА

Николовски: Ги поставивме темелите на системската борба против корупцијата, воведоме мерки за коишто 30 години се немаше храброст

January 14, 2022 13:43
in ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ги поставивме темелите на системската борба против корупцијата којашто ја немаше 30 години и се немаше храброст за многу работи да се направат,  оваа позиција за којашто многу очекуваа и бараа да се укине е меѓународно признаена и на барање на меѓународните партнери и поддржувачи и во разговори со новиот мандатар имаат констатирано дека оваа позиција мора да опстои, изјави вицепремиерот Љупчо Николовски во денешното интервју во Утрински брифинг. При тоа, Николовски посочи дека за прв пат е донесен План за борба против корупција, а веќе е подготвен и и нов План за борба против корупција 2022 за наредниот период. Има 18 мерки коишто веќе се имплементирани од претходниот План, и затоа  е изготвен нов План за борба против корупција, рече Николовски.

„Триесет години немаше никој храброст да донесе Закон за потекло на имот. Денеска ја имаме драфт верзијата којашто Совет на Европа ќе ја објави. Сега ДКСК може да води постапки само за државните функционери, не и за поранешни. Со новиот Закон за потекло на имот, за секој оној што има повеќе од 30.000 евра неоданочени приходи од претходната година може да се спроведува граѓанска постапка за проверка како е стекнат имотот.  Дигитализацијата е процес на промена на 250 закони, процес што го води мојот кабинет, закони за подобрување на услугите кон граѓаните. Секаде кадешто ќе го елиминираме човечкиот фактор таму сме се избориле да нема можност за корупција. Нашата земја треба да биде нов пример на дигитализирани институции и услуги во нивните работи“, рече вицепремиерот Николовски.

Во интервјуто, Николовски потенцираше дека со мерките од Планот значително е подигнато нивото на транспарентноста на Владата и институциите, за прв пат се кратат членовите на управни и надзорни одбори, во функција е системот за следење на предмети и Регистарот за вистински сопственици.

„Донесовме нов Етички кодекс којшто е применлив не само за министрите туку и за сите избрани функционери, се спроведоа обуки за практична примена на Кодексот. Обврската на кабинетот што се воспостави е да се грижи за интегритетот, да иницира разрешувања и да се грижи за примената на Етичкиот кодекс. Ние воспоставивме темелни вредности, системски мерки коишто 30 години ги немаше. Сега системот е воспоставен, има силна меѓународна поддршка дека оваа позиција треба да опстои и да продолжи. После транзицијата, после режимот доаѓа време на храбри одлуки и сметам дека има генерација којашто не е должна на никому, којашто е растеретена и преку вакви храбри чекори навистина може да го трансформира општеството и да збориме за владеење на правото, за законот да важи за сите, секој да плаќа данок, да нема недопириливи, да има одговорност и да има испорака на резултати“, рече вицепремиерот Николовски.

Воспоставивме целосен систем, очекувам новата вицепремиерка да ги продолжи мерките, испорката на позитивни резултати и носењето на храбри одлуки и закони, порача вицепремиерот Николовски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk