ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Денес сум океј

January 18, 2022 07:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЖИВОТ, ФРОНТ
Билјана Арсовска

Билјана Арсовска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЛЈАНА АРСОВСКА

„Да бидам верна на себе, да бидам личноста што сум одвнатре и да не играм игри. Тоа е она што се обидувам да го правам на овој свет. Да не се залажувам себеси ниту било кој друг.“ – Џенис Џоплин

Не можам да избројам колку пати сум посакала мојот живот да има различно сценарио.  Некогаш посакував полесно. Посакував помалку предизвици, а повеќе среќа. Посакував други луѓе наместо оние кои постоеја во мојот живот. Посакував да можам да заборавам некои денови и периоди од минатото. Посакував ‘избриши’ копче. За спомени, луѓе и емоции.

Неколку тахикардии и книги за самопомош подоцна, конечно почнав да разбирам колку е тенка линијата помеѓу сочувство и менталитет на жртва. Сочувство е исцелителна сила и да ја поседуваш истата, значи да имаш способност да бидеш љубезен кон себе. Од друга страна, менталитет на жртва е токсично губење на време кое не само што резултира во неспособност за помирување, туку и ја тиранизира жртвата при секој нејзин обид да биде среќна.

Самосожалувањето е духовно саботирање. Никој никому не му е должен ништо и животот нема да ви ги сервира сочните плодови на златна чинија. Денес сум помирена со тоа дека не ги одбирам картите во оваа партија, ама од мене зависи како ќе ги изиграм. Денес, на пример, не сум заинтересирана ниту во ‘измени’ опцијата, камоли ‘избриши’. Во физиката постои дисциплина која е наречена ‘Теорија на хаос’. Главен постулат за оваа теорија е дека и во нередот има ред. Секој кој прочитал нешто за оваа теорија, го сретнал и поимот ‘Пеперутка ефект’ (The butterfly effect) кој симболизира дека една пеперутка којашто нежно замавнува со своите крилја во Велмеј, може да предизвика последица при која би се срушила зграда во Њујорк. Е, до толку сме поврзани. А, ако изменам макар еден спомен од минатото, можеби, на пример, тоа би значело дека како последица, некој од моите сакани никогаш не би ги запознала или уште полошо – би ги загубила. Не сум заинтересирана за ништо слично.

Научив дека единствената промена којашто требало да ми се случи е промена на мојата перцепција. Денес гордо ги покажувам своите лузни како што билдерот се фали со својот бицепс. Тие се моето сведоштво дека сум се борела и изборила.

Порано осудував. Други беа виновни за моето незадоволство. Не ни помислував да ги прашам луѓето за причините за нивните постапки. Единствено умеев да ја пуштам својата циничност на глас и мижејќи да обојам слика за луѓето секогаш кога ќе помислев дека направиле грешка.

Денес умеам да слушам. Многу е важно да умееш да слушаш. И ако си трагач по најчовечкото во човека, тогаш мора да ги отвориш сите свои сетила. Само тогаш ќе успееш да ги разбереш најдлабоките болки, фрустрации и причини за постапките на луѓето. Само тогаш нивните гревови ќе успееш да ги видиш низ призма на сочувство. Емпатијата е нашата учителка по дишење. Без неа сме бездушни – неспособни за љубов – роботи. Секој се соочува со својата карма, ама многу е олеснително кога до себе имаш уши кои умеат да чујат и рамо на кое можеш да се потпреш.

Ете, затоа денес помалку судам. Денес полесно ги прифаќам различностите кај луѓето. Само затоа што некој не е по мој мерак, не значи дека некому нема да му биде соодветен. Дури се борев со бубачките во мојата глава, научив дека космополитскиот дух подразбира отвореност кон различното. Научив да го сакам своето без да го зјапам, критикувам или посакувам туѓото.

Денес, кога се расправам, се трудам своите ставови да ги поткрепам со аргументи, наместо да се занимавам со афективни реакции. Веќе не ме прогонува апстрактната идеја да ја променам својата судбина. Денес сум задоволна кога после секој конфликт и секоја животна шлаканица ќе излезам прочистена и помудра. Веќе не ме плаши ни поразот, ако притоа сум научила нешто. Денес сум океј, а со утрешнината ќе се соочам со главата горе а срцето отворено. Затоа што само така ќе го искусам животот со полет и храбро, без страв и самосожалување. Само така ќе бидам победник во оваа партија.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторката.

Next Post

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk