ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Барањето Северна Македонија да ги запише Бугарите во Уставот е мешање во внатрешните работи

January 18, 2022 23:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Барањето на Бугарија, Северна Македонија да ги запише Бугарите во Уставот, е мешање во внатрешните работи, дециден е претседателот Стево Пендаровски.

Според него, Македонци во Бугарија постојат, но тие се бугарски државјани и нивното право од тој аспект треба да го бараат на индивидуално ниво. Доколку ги исцрпат сите правни механизми во Бугарија и не добијат такво право, тогаш се обраќаат во Стразбур.

-Македонци во Бугарија постојат. А дали ние од тука, како држава ќе се мешаме да ги помагаме нивните права, не. Зошто не? Правило број еден во меѓународно право, меѓународна политика, член два од Повелбата на ОН – важи за сите држави во светот: нема мешање во внатрешните работи на државата. Тие се бугарски државјани, граѓани на Република Бугарија. Ве уверувам дека македонската држава никогаш на ниво на држава не се обидувала таму да ги буцка, да ги провоцира, да им вели – излегувајте, да им дава помош. Тоа се решава на индивидуално ниво. Се чувствуваш како Македонец, ќе го кажеш тоа. Ако не ти даваат, одиш во Стразбур. Тоа е патот. Нема друг начин, истакна Пендаровски во 24 анализа.

Дека барањето на Бугарија, Северна Македонија да ги запише Бугарите во Уставот, е мешање во внатрешните работи, Пендаровски денеска не му го кажал на премиерот Петков, зашто тоа тој од него, како што рече, не го побарал.

-Ти не можеш од надвор да ми кажеш, тие се наши државјани. Постојат Бугари во Македонија, но нашите власти се надлежни за нивните права. Ако ние ги прекршуваме нивните права или тие не се задоволни како ние ги заштитуваме нивните права, тогаш тие ќе одат во Стразбур, но тие се моја грижа, зашто се мои, наши граѓани. Како што јас немам право и не смеам да кажам „ти ќе им ги дадеш правата на Македонците во Бугарија, така и тој нема право да ми каже дали треба или мора да ги впишеме Бугарите во уставот. Тоа е наша суверена одлука, објасни претседателот. 

извор: МИА
Next Post

Учениците на продолжен распуст, УНИЦЕФ повика затворањето на училиштата да биде привремена мерка

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk