Уништувате и вера и верба. Репрезентации во ловот на крстот, во апсолутна нефер, нечесна, нечиста, и ИЧ Божја трка во фаќање на крстот.
Кај и да е, на Олимпијада ќе ја воведат како уништена традиција, како дисциплина на македонските силеџии, кои од верата немаат ни “В“. Десет души во исти дресови ги туркаат обичните, ги блокираат вистинските верници, и скокаат од радост дека нивниот “репрезент“ го фатил крстот.
И апла се гледа дека нивната радост не е од верски причини, туку, од интерес. Денес ќе го шетаат крстот по врати и ќе собираат пари и други награди, откако владиката им доделил телевизор, компјутер, а што знаеш, можеби следното скокање ќе добијат и скутер за некое идно посовремено ловење на крстот. Срамота…
Ајде бре…
ФБ објава на Борче Трајовски





