ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Ханделсблат: Спонзорите нервозно ја следат аферата околу Ѓоковиќ

January 20, 2022 20:23
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Некои од главните спонзори на Новак Ѓоковиќ веќе се оградија од српскиот тенисер, додека други со нетрпение чекаат тој да ги објасни последните случувања околу Австралија Опен, пишува германскиот весник Ханделсблат.

Како што пренесува Бета, весникот пишува дека Ѓоковиќ, според Форбс, во 2021 година заработил 38 милиони долари, а парите од турнирите, иако минатата година беше многу успешна за српскиот тенисер, изнесувале само една петтина од вкупната сума. Станува збор за околу осум милиони долари од играње, наспроти 30 милиони долари од спонзорски договори.

На импресивната листа на оние кои ги рекламираат своите производи со името и ликот на Новак Ѓоковиќ, меѓу другите се Lacoste, Asics, Peugeot, Raiffeisen International RBI и технолошката компанија Ultimat Kronos Group (UKG).

Наведувајќи дека неодамнешната афера за учеството на Ѓоковиќ на турнирот во Австралија, неговото депортирање и негативните наслови во медиумите влијаеле на неговиот углед, весникот прашал некои од главните спонзори за иднината на нивните договори со српскиот тенисер.

Австриски Рајфајзен Интернешнл била дистанциран. Портпаролката на австриската банка изјави за Ханделсблат дека се договориле за повеќегодишно партнерство со Новак Ѓоковиќ поради неговата популарност во Централна и Источна Европа.

– Таа одлука беше донесена многу пред сегашното известување за Ѓоковиќ и неговиот вакцинален статус, односно неговото учество на Австралија опен. Како спонзор на Новак Ѓоковиќ, критички гледаме на моменталната ситуација, рекла портпаролката.

Претставници на швајцарскиот производител на луксузни часовници Hublot изјавија за весникот дека ги следат последните случувања и оти сега, по враќањето на Ѓоковиќ во Србија, „го чекаат тој да се произнесе во јавноста“ за се.

Францускиот производител на автомобили Пежо (Peugeot) лаконски одговорил дека во моментов не сакаат да го коментираат партнерството со Ѓоковиќ, а на прашањето на Ханделсблат не реагираше и производителот на спортска опрема Head, чиј рекет го користи Ѓоковиќ и за тоа, според медиумите, годишно добива 10 милиони долари.

На слична сума наводно гласи и договорот на Ѓоковиќ со францускиот производител на облека Лакоста. Договорот е потпишан во 2017 година и истекува оваа година. Французите не реагираа ниту на прашањето дали ќе ја продолжат соработката со Ѓоковиќ, пишува германскиот весник.

Ханделсблат пишува дека, како што сега стојат работите, доколку Ѓоковиќ остане невакциниран, нема да може да учествува на вториот голем турнир годинава, Отвореното првенство на Франција кон средината на мај. Ова, како и тоа што може да се случи да не може да влезе во Австралија во следните три години, може да влијае и на договорите со спонзорите.

извор: МИА
Next Post

Ковачевски: Успешноста на средбата со премиерот Петков ја гледам во новиот тон и пристап

Shortcut

Најново

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk