ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Програмите на Обединетите нации се силна поддршка на нашите политики особено во зелената енергетска транзиција

January 21, 2022 14:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на  Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше средба со Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите Нации (ОН) во Северна Македонија, информираат владините служби. На средбата Дуџак му го честиташе на премиерот Ковачевски изборот за Претседател на Владата на Република Северна Македонија и истакна дека поддршката од ОН останува како континуитет во спроведување на планираните реформи во земјата и на евроинтегративниот процес.

Премиерот Ковачевски изрази искрена благодарност за ангажманот на ОН со програмите на различните агенции на организацијата особено во континуираните иницијативи на полето на економијата, социјалната инклузија, родовата еднаквост, јакнењето на институциите, грижата за животната средина.

На средбата премиерот Ковачевски ја информираше постојаната координаторка на ОН за програмските приоритети на Владата како што се интензивирање на евроинтегративните процеси, новиот план за економски развој со пораст на бруто домашниот производ со цел зголемување на животниот стандард на граѓаните, борба против криминалот и корупцијата, подобрување на ефикасноста и транспарентноста во работењето на судството, подобро владеење на правото и енергетска транзиција во правец на користење зелена енергија.

Премиерот Ковачевски истакна дека главните активности на Владата уште во првите денови се насочени кон справување со енергетската криза, како и во правец на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку зголемување на пензиите и минималната плата.

Во текот на разговорот постојаната претставничка на Обединетите нации Дуџак, ги истакна позитивните иницијативи кои досега се преземени во повеќе области и ја издвои зелената енергетска транзиција на земјата, за која од развојната програма на УНДП се издвоени 7,8 милиони долари како грант за нашата земја.

Премиерот Ковачевски нагласи дека поддршката на ОН, преку програмите на УНДП ги потврдува определбите на Владата зелената енергетска транзиција да биде во врвот на нејзините приоритети и дека се создаваат дополнителни услови за енергетски проекти од обновливи извори.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ЕУ позитивно гледа на посетата на бугарскиот премиер во Скопје

НАЈНОВО

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска маршираа по 27. пат

October 18, 2025

До 20:30 часот гласале 7.935 болни или немоќни лица, а до 18:30 часот 1.400 лица кои издржуваат казна затвор или притвор

October 18, 2025

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk