Папата Франциск денеска повика на строга примена на канонското право во борбата против злоставувањата во Католичката црква.
Тој укажа на неодамнешните реформи кои го олеснуваат повикувањето на одговорност на злоставувачите во Црквата.
„Самото ова можеби не е доволно за борба против овој феномен, но е важен чекор кон враќање на правдата, поправање на скандалот и отстранување на сторителите“, рече Папата.
Ватикан во четвртокот повтори дека чувствува „срам и каење“ за сексуалната злоупотреба на свештеници над малолетници, по објавувањето независен извештај во кој се доведуваат во прашање постапките на папата Бенедикт Шеснаесетти.
Папата Бенедикт XVI, кој има 94 години и живее во манастир во Ватикан, „одлучно“ негираше каква било одговорност во изјавата што ја испрати до адвокатите./MИА/.