ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Совет на амбасадори: Посетата на Петков позитивен чекор за унапредување на односите

January 21, 2022 22:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението за меѓународна политика „Совет на амбасадори“ ја оценува неодамнешната посета на Северна Македонија од страна на бугарскиот премиер, Кирил Петков како позитивен чекор во насока на унапредување на односите меѓу двете соседни земји и давање нов импулс на продолжување на разговорите околу спроведувањето на Договорот за добрососедство и обврските кои произлегуваат од него за двете страни.

– Советот на амбасадори забележува дека во разговорите на премиерот Петков, водени со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот Стево Пендаровски и со останати функционери, претставници на Парламентот и на политички партии од позицијата и опозицијата се направени одредени отстапки, што говори за подготвеноста на двете држави да најдат соодветни одговори на предизвиците содржани во Договорот, кои би придонеле кон приближување на моментот во догледно време да отпочнат преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, соопшти Советот на Амбасадори.

Советот ја цени добрата волја и определбата на двајцата премиери одредените недоразбирања меѓу двете земји да се надминуваат преку засилен дијалог, соработка и компромисни решенија во рамките на Договорот за добрососедство.

– Советот на амбасадори смета дека препораката на бугарскиот премиер, испратена преку медиумите, до највисоките македонски политички раководители за именување на „млад, бизнис ориентиран и прагматичен амбасадор“ на Северна Македонија во Бугарија не соодветствува со практиките за спроведување на Виенската конвенција за дипломатски односи, бидејќи предлогот за амбасадор, вклучувајќи ги сите негови одлики е во надлежност на земјата испраќач, а не е во надлежност на земјата на приемот, се вели во соопштението.

извор: МИА

Next Post

Блинкен: Нема значителен напредок во преговорите меѓу САД и Русија за украинската криза

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk