ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ја исековме шумата што нѐ штитеше

January 22, 2022 12:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Ја исековме шумата на обичаи и закони кои нѐ штитеа. Транзицијата го претвори она што ни беше драго и вредно во градежен шут, а го издигна музичкото, ликовното, книжевното и политичкото ѓубре. Ја воведе дрогата во нашите животи. Нејзиното разорно влијание врз јазикот, манирите, вистинската човечка доброст, а образованието и воспитувањето на децата ги претвори во  катастрофа за секој кој во срцето чувствува макар и најмала нежност спрема следната генерација. Ги размноживме расадниците на незнаењето што ги викаме школи и универзитети. Медиумите и новинарите ги претворивме во платформи и инструменти на неукоста, на злото и на распаѓањето. Семејствата ги пуштивме да се распаѓаат, животот стана евтин, уништен е култот кон работата, кариерните системи и проекциите на иднината се заменети со идејата за експресни остварувања, сексот го дистанциравме од репродукцијата, моралот се распадна и се замени со хедонизам на една страна и со дополнителна обесчовеченост на сиромашните, морален човек престана да биде оној што добро постапува туку оној што јавно се сообразува со ортодоксните мненија.  Останавме без морална опрема  за слободата, нашите кокодакања ги прогласивме за револуција, сериозните болести на нашето општество се дело на нашата генерација, бедата на духот стана општа состојба.

Ова се ставови на Питер Хиченс за револуцијата од ‘68 со, помалку или повеќе, (не)коректни интервенции на Тричковски со последиците на транзициската револуција во Македонија 1991/2022.

Би било убаво да ги додадеме и потсетувањата на Кристофер Хиченс за проблематичниот етос во паролите на шеесетосмашката генерација која одеше кон тоа „своите желби да ги третира како стварност“ и „личното да го претвора во политика“, тенденции кои многу интензивно се повторуваат и денеска. Кога стварноста, повеќе од кога и да е, се третира како поле на желбите и, уште повеќе, на стравовите, на комплексите…

Македонците ја монополизираат стварноста како каца во која ги редат сопствените митови, комплекси и фрустрации како кисела зелка. Со камења на модерниот свет врз сопствените главици.

Во таа конфигурација Ману и Милчин (Ма-Ми) се чепови за расолница.

Хахаха!

Ова не е трактат против ’68-та или против транзицијата. Освен овие трагични последици и двете преобразби донесоа и многу позитивности, скинати ментални и институционални лисици, да речеме, со тоа што аспектите на ослободувањето пред педесет и кусур години беа последен изблик на левите идеи и организации и енергии, додека транзицијата на  социјалистичкиот свет беше и е, пред сѐ, десничарска агресија во услови на левичарската дефанзива и идејниот пораз на левицата, повеќе отколку на нејзините политички и партиски порази.

Заедно со антиестаблишментските бунтови на Запад кои ги монополизира десницата и десниот идиотизам.

Има уште нешто.

Прво, сознанието за цикличноста на процесите е охрабрувачка работа. Јас би сакал за нашите генерации и тие што доаѓаат, да следат години какви што наследија шеесетосмашите.

И, второ, луѓето имаат силна и вродена тенденција да обожуваат односно да се понижуваат. Тоа го забележал уште Орвел, па по него Хиченс, па еве сега тоа го забележува и Тричковски. Овој последниот сега проучува дали се вмороните понижени или остварени Македонци. Односно дали се остварени во пониженоста. Особено во интенцијата да го поедностават животот. Да се ослободат од државата. Да се предадат и да кажат: Ако ни понудите блаженство, се разбира дека ќе се откажеме од некои свои слободи во мислењето.

Тричковски им вика тоа што Хиченс им го викаше на другите луѓе, дека е тоа лажна спогодба: ништо нема да добиете, драги мои, ќе испаднете будали.

Во тоа поедноставување на животот, во тој стремеж кон прости решенија, разбирливи за масата толку повеќе колку што се поглупави, значи побудалувањето во блаженството на едноставните решенија, во национализмот или во верата и црквата, во вмро, не паѓа само простата маса туку и нејзините лидери.

Шефот на опозицијата пет години тврди дека решението е во предвремени избори.

„Час поскоро!“

Замислете.

Ништо друго!

Само предвремени избори.

„Час поскоро.“

Тоа што луѓето не излегуваат под неговите прозори да му пеат „Ќе те ебеме час поскоро“ е сериозен знак дека нацијата пребрзо оглупавува.

Претседателот трогателно повикува:

„Нека осветувањето на македонските води  биде наша духовна поткрепа во надминувањето на сите тешкотии. Со смирение и со молитва, солидарни и грижливи да се издигнеме над сите неволји и проблеми. Да ги наполниме срцата со надеж и со верба и да даруваме безусловна љубов на ближните.“

Јас додадов:

Алелуја!

Три алелуи.

Па, пораката на првиот поп е помалку тео.

Стефан е посветовен од Стево.

И Фрањо.

МПЦ го крева тоа чувство на обнадеженоста со глупантропските крстоловни манифестации, но, всушност, ја бетонира обезнадеженоста на земјата, како верски идеал кој обезбедува богати компензации за страдањата во овој свет, на оној свет.

Никој не знае зошто полицијата ги брка од Камениот мост виртуозите со кибритчињата, а не ги брка поповите од мостот на Слободата.

Луѓе познати по својата забеганост пишуваат манифести во кои бараат светот, кој одамна ја има признаено Македонија и македонската нација со сите  атрибути да признае дека нема да не ја признава односно дека на нив ќе им овозможи бескрајно да тренираат во својата олимписка  дисциплина: признавањето на Македонија, 3.000 километри со пречки.

Тие, всушност, уживаат во преддржавниот и преднационален статус. Или, во најмала рака, во неконсолидираноста на Македонија како своја муштерија.

А МАНУ сака да биде тоа што Џим Џонс беше за сектата што сакаше да ја спаси во опашката на Халеевата комета, со тоа што академиците им ја нудат на Македонците опашката на поништениот договор од Преспа. И малку квазинаучна дрога од фармата Коцарев/Ќулафкова.

Јас се надевам дека луѓето ќе го допрат ѕидот на неумноста и ќе влезат во фазонот кога нема да сакаат никој да се спрдачат со нив.

Како што им се случува низ искуството со вмро-дпмне.

Македонците се глупави само во чизмите на вмро.

Во најки патики и роси обувки – не се.

 


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk